Израел води интензивна дипломатска офанзива против можниот налог на МКС за апсење на Нетанјаху

April 29, 2024
2 mins read

АНКАРА (АА) – Израелската администрација е сè позагрижена дека Меѓународниот кривичен суд (МКС) ќе издаде налог за апсење на израелските политичари, меѓу кои и премиерот Бенјамин Нетанјаху, и прави интензивни напори да спречи евентуална судска одлука во таа насока, јавува Анадолу.

Повикувајќи се на неименуван извор од израелската администрација, весникот „Тајмс оф Израел“ пишува дека Советот за национална безбедност на Израел води кампања за да спречи можна одлука за апсење на Нетанјаху и други политички функционери.

Истиот извор рече дека главниот елемент што ќе ја формира основата за евентуална одлука на МКС за апсење ќе биде намерното изгладнување на Палестинците во Газа од страна на Израел и ги потврди наводите дека и САД прават дипломатски напори да спречат евентуална одлука за апсење.

Израелските медиуми јавуваат дека администрацијата на Тел Авив е сè позагрижена за можната одлука на МКС во врска со злосторствата извршени од израелската армија во Газа, а Кабинетот на израелскиот премиер минатата недела одржа итен состанок за ова прашање.

Уште еден неименуван израелски дипломат за „Тајмс оф Израел“ изјави дека во овие напори е вклучено и Министерството за надворешни работи на таа земја.

Израелскиот воен аналитичар Амос Харел, во својата статија објавена во весникот „Хаарец“, изјави дека администрацијата на Тел Авив работи под претпоставка дека главниот обвинител на МКС, Карим Кан, би можел да издаде налог за апсење на Нетанјаху, министерот за одбрана Јоав Галант и началникот на Генералштабот, Херзи Халеви, во текот на оваа недела.

Вниманието на јавноста го привлече и фактот дека Надав Шошани, меѓународниот портпарол на израелската армија, одржа брифинг во врска со изградбата на пловно пристаниште на брегот на Газа во саботата, ден што Евреите го сметаат за свет и за државен празник и кога не работат, што некои го поврзуваат и со напорите да се спречи можната одлука на МКС.

– Телефонската дипломатија на Нетанјаху

Израелскиот новинар и политички аналитичар Бен Каспит во својата статија за порталот „Вала“ наведува дека премиерот Нетанјаху води интензивни телефонски разговори со цел да ја спречи евентуалната одлука за апсење и на тој начин врши континуиран притисок врз лидерите, особено врз американскиот претседател Џо Бајден.

Каспит, исто така, изјави дека израелскиот премиер Нетанјаху е „невообичаено нервозен“ поради можноста МКС да издаде налог за негово апсење.

И весникот „Маарив“ пишува дека Нетанјаху е „неприродно исплашен и нервозен“ поради можноста Хашкиот трибунал да издаде налог за апсење.

– Каде е Бајден?

Од друга страна, неименуван израелски дипломат во интервју за „Ерусалим пост“ укажа на молкот на американската администрација на оваа тема.

„Каде е американскиот претседател Џо Бајден? Зошто молчи кога Израел потенцијално може да биде прогласен за жртвено јагне?“, рече дипломатот.

Тој понатаму смета дека МКС нема да може да преземе акција против премиерот Нетанјаху и високите израелски воени лидери без експлицитна или тактичка поддршка од Соединетите Американски Држави.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Од утре поевтинува дизелот и „супер 98“

Следно

Полските земјоделци ја прекинаа блокадата на границата со Украина

Latest from Blog

Сиљановска-Давкова: Евроинтеграцијата е дијалог, а не диктат

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во рамки на учеството на осмиот Париски мировен форум, се обрати на сесијата посветена на младите и европската перспектива на Балканот. Таа укажа на суштинската важност на регионалната соработка

Даути: Граѓаните ја потврдија успешноста на власта на ВМРО-ВЛЕН

Заменик-директорот на Царината на Северна Македонија, Мустафа Даути, напиша дека победата на ВЛЕН е резултат на нивната работа. Според Даути, ВЛЕН–ВМРО е влада која докажува историски резултати во пракса. Реакцијата на Даути

Тинејџер загина, седум се повредени во сообраќајна несреќа на автопатот Нови Сад-Белград

 Повредените момчиња се хоспитализирани. Повредените деца се на возраст од 13, 15 и 16 години, а меѓу повредените е и возачот на комбето (43), кој бил пренесен во Централната болница Војводина со

Дронови забележани над воена база во Белгија

Повеќе дронови беа забележани над воена база во Белгија во саботата навечер и повторно синоќа, предизвикувајќи безбедносни проблеми, потврди министерот за одбрана Тео Франкен. „Нашата стражарска станица во Марк-ан-Фамен во саботата навечер
Go toTop