Израел призна дека оштетиле црква во бомбардирањето во Газа

October 20, 2023
1 min read

АЛ-КУДС/ИСТАНБУЛ (АА) – Израелската Армија денес призна дека црквата во Газа претрпела штета кога нејзините сили ја гаѓале локацијата за која се рекло дека е седиште на командантот на Хамас во Газа, јавува Анадолу.

„Авионите го гаѓаа седиштето на воениот член на организацијата Хамас, кој учествуваше во истрелувањето на ракетите и минофрлачките гранати кон територијата на Израел“, соопштено е за Анадолу од службата за медиуми на израелската војска.

Во продолжение се додава:

„Авионот го изврши нападот врз целта, а ‘експлозивниот бран’ што произлезе од нападот го оштети ѕидот на црквата што се наоѓа во тоа подрачје.“

Исто така, беше констатирано дека се запознаени со тоа дека има повредени и дека се истражуваат околностите на несреќата.

Претходно, портпаролот на Министерството за здравство во Газа, Ашраф Кудра, рече дека меѓу убиените во директните израелски напади врз грчката православна црква во градот Газа, се 16 палестински христијани.

Кудра истакна дека бројот на загинати во Газа за време на израелските бомбардирања е зголемен на 4.137.

Тој додаде дека 13.300 луѓе се повредени, а повеќе од 1.000 се водат како исчезнати.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Стефковски: Ќе се отстранат сите дивоградби во Гази Баба за кои има соодветни пријави

Следно

Во Скопје протест за поддршка на палестинскиот народ (ВИДЕО)

Latest from Blog

Охридско езеро во фокусот на меѓународната соработка: средба Меџити – Агелер

Првите вицепремиер и министер за животна средина, Изет Меџити, денеска оствари средба со амбасадорката на САД, Ангела Агелер, на која дискутираа за унапредување на соработката во заштитата и одржливиот развој на Охридското

Личната претставничка на генералниот секретар на ОН за кипарското прашање во посета на Кипар

 Личната претставничка на генералниот секретар на Обединетите нации за кипарското прашање Марија Анхела Олгин се очекува денеска да пристигне на Кипар, каде што утре ќе се сретне со кипарскиот претседател Никос Христодулидис,

ВЛЕН обвинува за системска корупција во МНР за време на мандатот на Османи

На прес-конференција, Арбер Кадриу од ВЛЕН-Чаир го обвини Министерството за надворешни работи за сомнителни, незаконски и исклучително скапи набавки за време на мандатот на поранешниот министер Бујар Османи. Документите што ги обезбеди
Go toTop