Израел нема да преземе одговорност за синоќешниот напад врз Иран, објави „Џерузалем пост“

April 19, 2024
1 min read

Израел нема да преземе одговорност за нападот синоќа врз објект во централниот дел на Иран, објави израелскиот весник „Џерусалем пост“. Извори од израелската служба за безбедност и од Владата на Израел за весникот рекоа дека причините за тоа се „стратешки“.

Весникот ги цитира зборовите на своите извори: „Око за око, заб за заб. Израел одговори таму, од каде беше нападнат“.

Според извори на весникот, Иран говори за „експлозија во фабрика“, а не за ракетен напад, бидејќи сака да избегне ескалација на тензиите. За доушниците на „Џерусалем пост“ не е јасно зошто Пентагон им открил на американските медиуми дека Израел бил вмешан во нападот – според нив, од САД можеле да молчат, со што би го зачувале достоинството на Иран,  а и самите Американци ќе избегнат ескалација на тензиите.

Во информацијата на „Џерусалим пост“ се вели дека во следните 24 часа премиерот на Израел и Бенјамин Нетанјаху, целото раководство од областа на безбедноста и дипломатијата биле во воената база „Кирја“ во Тел Авив, каде договарале дејствија со партнерите од регионот Јордан, Египет и Саудиска Арабија.

Весникот пишува дека земјите од регионот објавиле пред Израел дека доколку Иран нападне, тие се подготвени да помогнат. Според информациите на „Џерусалем пост“, Израел ги информирал САД за нападот.

Извор: 24vesti.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Границата меѓу државата и партијата „тенка“ во изборите

Следно

Бојан Јовановски – Боки 13 побара повторување на кривичната постапка за „Рекет“

Latest from Blog

Се огласи Вуди Ален по критиките дека ќе учествува на филмски фестивал во Москва: Путин греши

Американскиот режисер Вуди Ален ги отфрли обвинувањата дека неговото учество на Московската меѓународна филмска недела е обид да се оправда одговорноста на Русија за војната во Украина, инсистирајќи дека уметничкиот дијалог не

Чуквуемека е нов играч на Борусија

Досегашниот член на тимот на Челзи, Карни Чуквуемека, е нов играч на екипата на Борусија Дортмунд. Тој денеска беше промовиран во новиот дрес откако потпиша договор со тимот до 2030 година. Иако

Изгасен пожарот во пристаништето во Хамбург каде беа повредени 10 лица, објавена е можната причина

Пожарникарите во вторник успеаја да изгаснат голем пожар што уништи магацин во северното германско пристаниште Хамбург во понеделник, соопштија официјални лица. Околу 120 пожарникари ги гаснат остатоците од пламенот, но најголемиот пожар

Муцунски – Кос: Потврдена посветеноста и поддршката за евроинтегративниот пат на државата

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски денеска, во рамки на дводневната работна посета на Брисел, оствари средба со еврокомесарката за проширување на Европската Унија, Марта Кос. Како што информира
Go toTop