Израел го следи чекорот на САД, се повлече од Советот за човекови права на ОН

February 6, 2025
1 min read

КУДС (ЕРУСАЛИМ) (АА) – Израел објави дека се повлекува од Советот за човекови права на Обединетите нации (УНХРЦ) по одлуката на Соединетите Американски Држави (САД) повеќе да не бидат дел од него, јавува Анадолу.

„Израел ја поздравува одлуката на претседателот (Доналд) Трамп да не учествува во Советот за човекови права на ОН (УНХРЦ)“, рече министерот за надворешни работи Гидеон Саар на Х.

„Израел им се придружува на САД и нема да учествува во УНХРЦ“, додаде тој.

Во вторникот Трамп потпиша извршна наредба за повлекување на САД од Советот.

Наредбата, исто така, им забранува на САД да обезбедат какво било дополнително финансирање на Агенцијата на ОН за палестински бегалци (УНРВА).

Поранешниот американски претседател Џо Бајден го прекина финансирањето на Агенцијата во јануари 2024 година откако Израел обвини 12 нејзини вработени за учество во прекуграничниот напад на палестинската група Хамас на 7 октомври 2023 година, што ја предизвика војната во Газа. Запирањето на финансирањето беше планирано да остане на сила до март оваа година.

Пред повлекувањето на Израел и САД, Советот за човекови права со седиште во Женева се состоеше од 47 земји членки, со места распределени меѓу пет регионални групи.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Крај за корумпирани чувари и затворски мобилари – „Наткаст“ со Александар Пандов и Љупчо Цветановски во 20 часот на Курир

Следно

Турско Министерство за одбрана: „Целосно сме против прогонството и раселувањето на Палестинците од Газа“

Latest from Blog

„Жените се срцето на енергетската транзиција“: Божиновска ја нагласи улогата на жените во одржливиот развој

На меѓународниот панел „Women in Energy“, кој се одржа во рамките на IFESD – 14th International Forum on Energy for Sustainable Development, македонската министерка за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска

Летонија ја напушта Истанбулската конвенција

Парламентот на Летонија гласаше за повлекување на земјата од Истанбулската конвенција, меѓународниот договор на Советот на Европа за борба против насилството врз жените, откако конзервативниот партнер во владејачката коалиција го поддржа потегот

Денес е Светиот апостол и евангелист Лука

Роден е во Антиохија. Во младоста добро ја изучи грчката философија, медицината и иконописот. Во времето на делото на Господ Исус на земјата Свети Лука дојде во Ерусалим и таму Го виде
Go toTop