Израел допрва ќе ги информира САД за плановите за одговор на иранскиот ракетен напад

October 9, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Израелските лидери сè уште не ги информираа САД за спецификите на нивниот воен одговор на минатонеделниот ирански балистички ракетен напад и покрај тековните дискусии меѓу американските воени претставници за потенцијална поддршка на Израел со разузнавачки или воздушни напади, изјавија двајца американски официјални претставници, јавува Анадолу.

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин разговарал со израелскиот министер за одбрана Јоав Галант во неделата вечер за можните одговори на ракетниот напад на Иран, иако Израел не донел конечна одлука за текот на дејствувањето или времето, според еден поранешен и двајца актуелни функционери запознаени со повикот, објави Ен-би-си њуз.

Претходно во неделата израелските власти се состанаа за да ги разгледаат опциите за одговор, според двајцата американски претставници.

Американски извори посочија дека иако Израел најверојатно донел одлука да возврати, тој сè уште ги разгледува своите опции на состаноците одржани во понеделникот и вторникот. Во потенцијалните одговори што се разгледуваат се вклучени напади врз иранската воена и разузнавачка инфраструктура, противвоздушната одбрана и енергетските објекти, иако нуклеарните локации, наводно, не биле дел од дискусиите.

Денес Галант требаше да се сретне со Остин во Вашингтон, патување иницирано од Галант, но средбата беше одложена на барање на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Тројцата американски претставници изразија загриженост дека одговорот на Израел кон Иран може да се случи пред Галант да се состане со Остин.

Иран останува во состојба на висока готовност, подготвувајќи се за можна израелска одмазда како одговор на ракетниот напад од Техеран на 1 октомври. Нападот ги зголеми регионалните тензии во услови на брутална офанзива на Израел врз Појасот Газа, која влегува во втора година.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски на самитот “Украина-Југоисточна Европа”

Следно

Пандев, Лазаров и Иџе повеќе нема да рекламираат казина или обложувалници

Latest from Blog

Проданоски: Општина Прилеп ќе продолжи да ги поддржува младите и хуманите активности

Во Прилеп денеска се одржа Регионалниот натпревар по прва помош (Регион 1), во организација на Црвениот крст, настан кој ја истакна важноста на хуманоста, солидарноста и подготвеноста за помош во критични ситуации.

Димитриеска-Кочоска: Геополитичката нестабилност бара постојана адаптација на економските политики

Балансот помеѓу фискалната консолидација, обезбедување економски раст и спроведување мерки за заштита на стандардот на граѓаните и поддршка на економијата се клучни во услови на континуирана и продлабочена геополитичка неизвесност. Ова го

Димитровски: Битола добива нова инфраструктура и модерни спортски капацитети

Секретарот на Општина Битола, Борче Димитровски, истакна дека во првите шест месеци од новиот мандат на градоначалникот Тони Коњановски, општината се фокусирала на реализација на ветените проекти, за кои била обезбедена значителна
Go toTop