Израел бомбардираше уште една џамија во Газа

October 20, 2023
1 min read

ГАЗА (АА) – Уште една џамија во Појасот Газа е целосно уништена во воздушните напади на израелската армија, јавува Анадолу.

Палестинското Министерство за внатрешни работи соопшти дека целосно е уништена џамијата „Ал-Омари“, која била цел на израелската војска во регионот Џибалије на северот од Појасот Газа.

Селаме Маруф, шеф на Канцеларијата за односи со јавноста на Владата поврзана со Хамас во Појасот Газа, на 18 октомври изјави:

„Израел уништи десет џамии и оштети десетици џамии и храмови. Меѓу нив има седум историски џамии и цркви.“

Газа се соочува со тешка хуманитарна криза без струја, а водата, храната, горивото и медицинските материјали се при крај.

Конфликтот во Газа, која е под израелско бомбардирање и опсада од 7 октомври, започна кога Хамас ја почна операцијата „Поплава Ал Акса“, ненадеен напад со низа лансирања на ракети и инфилтрирање во Израел преку копно, море и воздух. Хамас наведе дека операцијата е одмазда за упадите во џамијата „Ал Акса“ и зголеменото насилство од страна на еврејските доселеници врз Палестинците.

Потоа израелската војска ја започна операцијата „Железни мечеви“ кон позициите на Хамас во Појасот Газа.

Бројот на загинати во израелските напади од 7 октомври во Појасот Газа се искачи на 3.785, а повеќе од 12.000 се повредени.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Најмалку осум лица загинаа во израелско бомбардирање на црква каде што имаше засолнети раселени Палестинци

Следно

Џафери: Време е сите партии кои се за евроинтеграција, на дело да ја демонстрираат својата посветеност

Latest from Blog

На убиецот на Џон Ленон му е одбиено 14. барање да биде пуштен на слобода, помина четири децании во затвор

Чепмен поминал повеќе од 40 години во затвор и отслужува казна од 20 години до доживотен затвор за убиството на поранешниот член на „Битлси“ во декемвриската ноќ додека тој и неговата сопруга

Низ Србија вечерва протести под мотото – „Со ’рбет против насилството“

Министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави дека 13 полицајци се повредени и дека вкупно 42 лица се приведени. Студентите во блокада наведуваат дека инцидентите биле инсценирани и дека дејствијата на полицијата

Квалификации за СП 2026: Англија и Португалија со очекувани победи (ВИДЕО)

Фудбалските репрезентации на Англија и Португалија обезбедија очекувани победи на денешните попладневни квалификациски дуели за СП 2026. Англија ја победи Андора со 2-0 во Бирмингем во четвртиот натпревар од квалификациската група К

Изет Меџити го повика Бујар Османи на јавна дебата за локалните избори во Чаир

2 Првиот заменик претседател на Владата, министер за животна средина и просторно планирање и кандидат на ВРЕДИ за градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити денеска во изјава за медиумите одговарајќи на новинарско
Go toTop