Израел бара итна евакуација на болницата Ал Кудс во Газа поради подготовки за бомбардирање

October 21, 2023
1 min read

ГАЗА (АА) – Израел синоќа побара болницата Ал Кудс, која се наоѓа во јужниот дел на Газа, веднаш да биде евакуирана поради подготовките за бомбардирање, известува Анадолу.

Во соопштението на палестинската Црвена полумесечина се наведува дека „примиле закана од израелските окупаторски сили дека ќе биде бомбардирана болницата Ал Кудс која се наоѓа во јужниот дел на Газа“.

Во продолжение се додава дела „Израелската војска бара итна евакуација на болницата, во која се засолнети повеќе од 400 пациенти и 12.000 луѓе.“

Палестинската Црвена полумесечина упати апел до целиот свет за итна интервенција за да се спречи нов масакр, сличен на оној во баптистичката болница Ал-Ахли во Газа.

Во израелскиот бомбашки напад на болницата Ал-Ахли во Газа извршен на 17. октомври, беа убиени 471 лице, а 342 беа ранети.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Сончево и топло – температурата до 29 степени

Следно

Претрес во тетовска Мала Речица, пронaјдени пиштоли, муниција и дрога

Latest from Blog

Битола ќе добие нова енергија – ВМРО-ДПМНЕ ја откри советничката листа!

ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ја претставија својата советничка листа за Битола, нагласувајќи дека нудат комбинација од континуитет, искуство и свежа енергија за новата голема победа. „Остануваме посветени на Битола, продолжуваме искрено, вредно и

ТРЧАЈ БЕ 2025 – големи спортски настани во Битола

СВР Битола заради одржување на спортската манифестација ТРЧАЈ БЕ 2025, во чии рамки годинава ќе се одржи и Националното првенство во полумаратон, на ден 14.9.2025 година (недела) во Битола, во временскиот период
Go toTop