Изложба на врвни македонски современи уметници во Софија

August 7, 2025
1 min read

Во Културно информативниот центар на Македонија во Софија, денеска, ќе биде отворена изложбата на Националната галерија насловена „Простори на конјункција“, која се реализира во рамки на проектот на Националната галерија од областа на меѓународната соработка. 

Како што информираат од Галеријата, на официјалното отворање ќе присуствуваат претставници од Националната галерија и директорот Али Синани, додека пред публиката свое обраќање ќе има директорот на Културниот информативен центар – Софија, Зоран Пејковски. Изложбата, додаваат, ќе биде поставена до крајот на вгуст 2025 година.

– Проектот „Простори на конјункција“ ја утврдува уметноста како динамичен простор во кој интимните, лични фрагменти се преплетуваат со колективните мемории и културни матрици како театар на тензија и симбиоза. Оваа изложба ги истражува кревката граница меѓу малите приказни од интимниот свет на индивидуата и големите наративи – широка, сложена мрежа на големите историски и културни наративи – концепт што произлегува од Жан-Франсоа Лиотар и неговата критика на „метанаративите“, стои во соопштението.

Додаваат дека низ графика, цртеж, фотографија, видео, објект, колаж, уметниците не само што раскажуваат приказни туку градат мултимедијални платформи во кои секој медиум станува посебен канал за конјункција. Различните техники, велат, не функционираат само како формални избори, туку како активни стратегии за премостување на личното и колективното.

– Во оваа изложба уметниците стануваат посредници меѓу фрагментите – личните фотосеќавања, гласови или празнини и нивното вкрстување со меморијата на јавниот простор. Славица Јанешлиева, со својата суптилна работа што комбинира графика, текст, цртеж и објекти, истражува како наративите се распарчуваат и се преобликуваат низ лични архиви. Ѓорѓе Јовановиќ, Александар Станковски и Иванчо Талевски ги користат цртежот и фотографијата за да материјализираат идеи за траење и распаѓање, додека Жанета Вангели и Верица Ковачевска внесуваат чувствителна поетика низ објект и фотографија (видео), при што секоја линија и трага го следи пулсот на сеќавањето. Марија Сотировска и Кристијан Јовановски ги ангажираат текстурираните повторувања (текст, трансформирано сеќавање) за да поттикнат визуелен дијалог за колективната меморија. Игор Сековски, пак, преку скулптурално концентрирана фрагментираност, отвора прашања за дехуманизацијата на колективот за индивидуални цели, се наведува во соопштението. 

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Од Кисела Вода до Скопје: Орце Ѓорѓиевски ветува домаќински, храбар и дигитален главен град

Следно

Мишко Ралев за Фактор: Од ТВ дознав дека не сум кандидат за Скопје на СДСМ – Никогаш не сум бил партиски член

Latest from Blog

Скандал и злосторство: ДЕЦАТА ОД УКРАИНА ЗГРИЖЕНИ ВО ТУРЦИЈА ПОД ТОРТУРА И СИЛУВАЊА

Украина се соочува со нов скандал поврзан со евакуацијата на деца во Турција, како дел од проектот „Детство без војна“. Операцијата започна во март 2022 година по договор меѓу Елена Зеленски и

Нема струја, нема фудбал! (ВИДЕО)

И тоа го има во Србија. Натпреварот од 18-то коло од Српската Суперлига помеѓу играчите на Раднички и Чукарички беше прекинат во 50-тата минута поради прекин на електричната енергија на стадионот „Чаир“

Заврши состанокот на Зеленски со европските лидери – Макрон: Европа има многу „карти во своите раце“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја заврши билатералната средба со британскиот премиер Кир Стармер и ја напушти канцеларијата на британскиот премиер. Украинскиот претседател сега патува за Брисел, каде што ќе се сретне со

Магла на Ѓавато и Пресека, возете внимателно

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради магла има на планинските превои Ѓавато и Пресека. -На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури
Go toTop