Излезноста до 09.15 часот е три отсто, највисока со над шест проценти во Пробиштип и Лозово

October 19, 2025
1 min read

Одѕивот на локалните избори до 09.15 часот е три отсто, а гласале 41 890 граѓани, објави на прес-конференција претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Борис Кондарко, споделувајќи податоци од 2672 избирачки места (76,91 процент) во кои се запишани 1.394.158 граѓани.

Во 09:15 часот, по општини излезноста е следна:

Битола – 3,38
Богданци -4,68
Боговиње 1,29
Бутел 3,63
Вевчани 5,02
Врапчиште 0,87
Гевгелија 4,30
Гостивар 1,71
Градско 5,61
Делчево 4,11
Демир Капија 5,37
Дојран 5,06
Зелениково 5,62
Карпош 3,09
Кисела Вода 3,65
Кичево 2,35
Куманово 1,91
Липково 2,02
Лозово 6,36
Ново Село 5,50
Охрид 2,81
Прилеп 3,41
Пробиштип 6,64
Ресен 5,01
Сарај 2,46
Струмица 3,92
Студеничани 1,85
Центар 2,84
Штип 3
Шуто Оризари 2,17

Тој повтори дека сите гласачки места се отворени навреме и оти гласањето се одвива без проблеми.

– Досега во ДИК немаме јавување за текот на гласањето за ниту едно избирачко место и од ниту една општинска изборна комисија, рече Кондарко.

На денешните избори се гласа на 3 474 избирачки места, на кои до 19 часот правото на глас можат да го искористат 1 832 415 граѓани.

На локалните избори 2025 има вкупно 309 кандидати за градоначалници и 576 листи за членови на општинските совети со вкупно 10 490 кандидати.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Феноменот Меси еруптираше со хет-трик и асистенција (ВИДЕО)

Следно

Како да ги загреете стапалата? Наглите временски промени ја носат оваа дилема

Latest from Blog

Почина основачката на образовната програма „Еразмус“, Софија Коради

Основачката на образовната програма „Еразмус“ Софија Коради, почина на 91-годишна возраст во Рим, Италија. Позната како Мама Еразмус, Коради испрати милиони млади луѓе да студираат низ Европа. Ја доби престижната американска стипендија

Свадба од соништата се претворила во ужас: Кумот изговорил четири зборови кои сè уништиле

Девојка од регионот ја сподели својата шокантна исповед за свадбата што ја планирала со години, која, тврди таа, засекогаш ја обележал кумот. Целиот свој живот фантазирала за својата свадба од соништата, за

Како се избира градоначалник уште во првиот круг?

Резултатите од првиот круг на локалните изборите се очекуваат околу полноќ, кога ќе се знае колку кандидати успеале да го освојат градоначалничкиот мандат уште во првиот круг од гласањето. Како се победува

Мануел Ноер испиша историја!(ФОТО)

ФОТО: FC Bayern München/FB Синоќа во 113. мега – дерби меѓу Баерн Минхен и Борусија Дортмунд, домашните победија со 2:1. Хари Кејн стана првиот играч во Бундеслигата кој во првите седум кола

Како да ги загреете стапалата? Наглите временски промени ја носат оваа дилема

Студените стапала може да бидат резултат на природната реакција на телото на ниски температури, но исто така можат да бидат знак на проблеми со циркулацијата, прекумерен стрес или хормонални проблеми. Без оглед
Go toTop