Изгласана недоверба на владата на францускиот премиер Берние

December 4, 2024
1 min read

На малцинската влада на францускиот премиер Мишел Барние вечерва и беше изгласана недоверба во Долниот дом на француското Национално собрание  со гласовите на пратениците на екстремната левица и екстремната десница, јави ДПА.

Со ваквата очекувана разврска во парламентот Франција запаѓа во политичка криза, по само тримесечното управување на малцинска влада на премиерот Барние.

Колапсот, што беше предизвикан од предлог буџетот на Барние за штедење, ја втурна земјата, која е еден од најмоќните европски играчи, во подлабоки политички превирања среде големите економски предизвици, наведува ДПА.

Последен пат една француска влада била соборена со гласање недоверба во далечната 1962 година.

Барние, конзервативниот француски политички ветеран, кој ги водеше преговорите на Европската унија со Велика Британија за излезот на земјата од ЕУ, на оваа функција беше поставен од претседателот Емануел Макрон во септември годинава.

Барние ја презеде функцијата по неколкунеделната неизвесност предизвикана од одлуката на Макрон да одржи предвремени парламентарни избори во јуни и јули.

Макрон повика на гласање за да ја зајакне својата поддршка, меѓутоа, наместо тоа, доби хаотичен резултат, при што екстремната левица и крајната десница остварија видливи резултати, а ниту еден од политичките блокови немаше апсолутно мнозинство во Националното собрание.

Поради сето тоа Барние од самиот старт на работата на неговата малцинска влада беше во ослабена позиција. 

Неговиот вечерашен пораз беше очекуван и до него се дојде откако левичарскиот сојуз Нов народен фронт (НФП) и екстремно десничарскиот Национален собир  (РН) поднесоа предлог за недоверба.

Првиот предлог за кој гласаа пратениците – и тој што ја урна владата – беше од левичарскиот сојуз, за кого поддршка дадоа и пратениците од партијата на Ле Пен.

Опозициските пратеници беа лути од неговата одлука од пред два дена да користи специјални овластувања за да протурка дел од неговиот буџет за 2025 година – во кој има зголемување на даноците и кратења на владините трошоци – а за тоа да нема  одобрение од парламентот.

Франција, втората по големина економија во еврозоната, се соочува со зголемен буџетски дефицит што ги уништува француските акции и обврзници и ги зголемува трошоците за задолжување, пренесе ДПА.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Партија на пензионери: Категорично е против за зголемување на прагот за пензионирање

Следно

Студенти од Машински факултет и ФЕИТ создадоа иновативен уред за рециклирање отпад

Latest from Blog

Костовски ветува рамномерен развој во Бутел: Започна реконструкција на повеќе од десет улици во Љуботен (ФОТО)

Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, воедно и кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за втор мандат, соопшти дека започнува новата фаза од градежната офанзива во оваа општина. Тој истакна дека само во Љуботен ќе

Руски дрон удри во станбена зграда во источна Полска, нема повредени

Руски дрон денес удри станбена зграда во Вирики во источна Полска, но никој не е повреден, објави приватната телевизиска станица Полсат њуз, повикувајќи се на информации од локалната полиција. Полскиот претседател Карол

Ова доведува до развод: Навики кои ги уништуваат врските, а не е неверство

Постојат многу навики кои ги уништуваат врските, но по децении истражување, д-р Џон Готман го пронајде однесувањето број еден кое е смртоносно за секој брак. Повеќето луѓе ќе наведат неверство, недостаток на

Брза лента за постапување по предметите на кои треба да се изврши инспекциски надзор од областа на енергетиката

Брза лента за постапување по предметите на кои треба да се изврши инспекциски надзор од областа на енергетиката е целта на Меморандумот за соработка кој го потпишаа Регулаторната комисија за енергетика, водни
Go toTop