Партија на пензионери: Категорично е против за зголемување на прагот за пензионирање

December 4, 2024
1 min read

Партијата на пензионери категорично е против и не ја прифаќа иницијативата за зголемување на прагот за пензионирање, кој сега изнесува 64 години живот.

За Партијата на пензионери, исто така, се неприфатливи и неразумни образложенијата на предлагачите на ваквата иницијатива, која наводно има за цел да се подобри финансиската положба на Фондот за ПИО, како и да се намали зависноста од државниот Буџет.

Причини за ваквиот став се: зголемената зависност од државниот Буџет, во овој и идниот период, за редовна исплата на пензиите, не е никако поврзана и предизвикана од актуелниот законски праг за остварување на право на старосна пензија, бидејќи, во периодот од донесување на оваа законска одредба, па се до Одлуката на Владата за линеарно усогласување на пензиите, зависноста на Фондот за ПИО кон Буџетот на државата континуирано се намалуваше.

Освен тоа, доколку се подигне прагот за пензионирање на 67 години се намалуваат шансите за вработување на младите кадри и се зголемува притисокот за нивно заминување во странство.

Од партијата велат дека животниот век на граѓаните во земјава, по пензионирање, а и општо, поради полошите услови за живот од оние во развиените земји, е меѓу најкратките во Европа и сметаат дека не е реално да се очекува исполнување на заложбата на работодавачите за зголемена продуктивност од работници на возраст над 64 години.

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Првата дама на Туркије во Анкара ја прими сопругата на јапонскиот престолонаследник

Следно

Изгласана недоверба на владата на францускиот премиер Берние

Latest from Blog

Феран Торес: Барса мора да покаже дека ме сака!

ФОТО:.facebook.com/fcbarcelona/ Шокантни беа најавите дека Феран Торес би можел да си замине од Барселона и да направи трансфер во ПСЖ. Неговата ситуацијата многу се промени по Светското првенство бидејќи тој беше херој

ИЗГОРЕНИ АВТОМОБИЛИ, ЗАТВОРЕНИ ПЛАЖИ И УЛИЦИ ПРЕПОЛНИ СО ОТПАД – Фнидек во хаос по мигрантскиот бран кон Сеута

Фидек е под засилени безбедносни мерки откако масовно движење на мигранти кон шпанската енклава Сеута го наруши мирот во ова крајбрежно место. Плажите се затворени со бариери, а вооружени марокански полицајци се

Водата во Скопје е квалитетна и безбедна за пиење

ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје соопшти дека водата за пиење во главниот град е безбедна и ги исполнува сите законски стандарди за квалитет. Според неделниот лабораториски извештај, во периодот од 27
Go toTop