Ивор Мицковски: Со киднапираната СДСМ и неспособната за доминација Левица – ние немаме опозиција

October 20, 2025
1 min read

Во политиката не си ја одредуваш самиот вредноста и успехот, базирано на сопствените очекувања или потреби. Вредноста ти ја одредува електоратот и противникот, како и се разбира објективните, фактичките и онтолошките реалитети, пишува Ивор Мицковски.

-Тоа што СДСМ мислат дека добро поминале или дека напредуваат, зборува дека политички се неспособни за реализам, објективност и вистинско толкување на состојбите во земјата. Таквите луѓе се опасни, зошто маката и состојбата во земјата им е помалку важна од личниот политички ангажман. Таквите опции се штетни, затоа што власта на која и помогнаа да освои се, ќе владее без вистински коректив и без политички притисок, пишува тој.

Во друга објава, тој коментира дека во Македонија нема опозиција.

-Сите избори исто потврдуваат, дека луѓето се отклонети од политиката, клиентите на партиите се намалуваат или транзитираат, ама сепак се доволни со постоечките правила, закони и менталитет, партиите комотно да си владеат. За најголемата “партија” неопределени – партија нема. Сега немаме ни опозиција, со киднапираната Сдсм и некооперативната, но и неспособна за доминација Левица. Вмро е пак почастено, со помали бројки, се поголема власт.  Се вртиме у круг и како да се вративме во 2006-та, само што 20 години ни отидоа во ветер, пишува тој.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Во Србија во 2024 година, 37.000 жители помалку од претходната, природниот прираст останал негативен

Следно

Со овој трик ќе заспиете за само неколку минути!

Latest from Blog

„Подземниот град“ на Тито во Далмација – денес туристичка атракција

Во кањонот Велика Пакленица, во средна Далмација, близу Стариград, Хрватска, меѓу 1950. и 1952 година, во строга тајност била изградена мрежа тунели коишто требало да служат како засолниште и логистичка база во

Мацут: Работиме на проект за брза железница помеѓу Белград и Ниш, и во Скопје брзо работат на модернизација железницата

„Од македонска страна постои големо разбирање за ова, а неодамна во разговорите со македонскиот премиер Мицкоски во Македонија, имав можност да ги разберам нивните намери брзо да работат на железницата, всушност на
Go toTop