Ивановски: Железничката станица Скопје ќе добие современ лик

November 23, 2025
1 min read

Железничката станица Скопје ќе добие изглед на модерна железничка станица, архитектонско решение на спој на стариот изглед од Кензо Танге со додадени нови модерни елементи, вели директорот на ЈП Железници Инфраструктура, Синиша Ивановски во неделното интервју за Радио Слободна Европа.

Според директорот Ивановски, проектот се работи во соработка со Градежниот факултет и Архитектонскиот факултет, а во моментов се работи на отстранување на рекламните паноа.

-Инфраструктура Железница заедно со Градежниот факултет и Архитектонскиот факултет започнавме со проект за поектирање за целосна реконструкција на железничката станица Скопје и внатрешно и надворешно. Ќе се реконструира комплетно со нова електрика, комунална инфраструктура, машински дел, а надворешно ќе биде запазен оној првичен изглед од Кензо Танге со имплементација на нови современи елементи. Овој проект треба да биде готов за година и половина до две од денеска и потоа ќе бараме финансирање за да се реализира ова. Но што до тогаш? Започнавме акција за отстранување на сите билборди што ја грдат самата станица. Дел се постоечки, дел се пред дваесетина години. Потоа имаме една голема акција да ги отстраниме сите графити, сите постери и да ја вратиме првичната боја на столбовите и да го запазиме првичниот изглед без овие графити постери итн, вели Ивановски.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Битолски екипи интервенираат по поројни дождови во Брусник

Следно

101 годишна Италијанка инспирира со енергија: Ана Поси подготвува еспресо повеќе од шест децении (ВИДЕО)

Latest from Blog

Трагедија во циркус во Неапол: Млад каскадер загина за време на опасен трик со метална топка

Ужасна трагедија го погоди еден од најголемите и најстарите европски патувачки циркуси. 26-годишен каскадер беше убиен за време на каскадерска претстава од страна на тројца мотоциклисти во преполна сала во Неапол, а

101 годишна Италијанка инспирира со енергија: Ана Поси подготвува еспресо повеќе од шест децении (ВИДЕО)

Во италијанското село Небиуно, Ана Поси сè уште работи секој ден во своето кафуле Бар Централе, каде што подготвува еспресо од 1958 година. Минатиот месец го прослави својот 101-ви роденден. Кафулето го

Снегот и прекините на електричната мрежа направија проблем при гласањето на изборите во Република Српска

Повеќето гласачки места во Босна и Херцеговина каде што се гласаше за нов претседател на Република Српска беа отворени во 7 часот наутро во недела, но некои од нив беа одложени поради
Go toTop