Ивановски: Пробиен претпоследниот тунел на железничката делница од Бељаковце до Крива Паланка

December 11, 2025
1 min read

Директорот на МЖ Инфраструктура, Синиша Ивановски, нa својот фејсбук профил објави видео од пробивање на 14-от тунел на железничката делница Бељаковце-Крива Паланка која е во изградба.

– Добро е кога на крајот од тунелот ќе се појави светло. Рано изутринава го пробивме претпоследниот од вкупно 15 тунели на железничката делница од Бељаковце до Крива Паланка. Ова е вториот дел од градбата на пругата кон Бугарија. Градбата на оваа траса изобилува со предизвици, а еден од поголемите се пробивањето и градбата на тунелите. Прогресот на градбата на целиот проект не е на посакуваното ниво, но би го пофалил изведувачот за нивниот успех во градбата на тунелите, вели Ивановски.

Тој изразува верување дека и во другите сегменти од градбата за многу скоро од денес ќе почнат да бележат успех.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Премиера на Geely Cityray: Модерен SUV достапен за разгледување во East Gate Mall

Следно

Чорба од спанаќ и тиквици

Latest from Blog

МАСОВНИ ПРОТЕСТИ ВО БУГАРИЈА непосредно пред влезот во еврозоната на 1 јануари 2026

Бугарија се соочува со својата најтурбулентна недела во последниве години, бидејќи повеќе десетици илјади демонстранти, а по некои протести бројката достигнала 150.000, синоќа повторно ги исполнија улиците на Софија и повеќе од

САД гласаа против резолуцијата на ОН за Чернобил

Соединетите Американски Држави неочекувано гласаа вчера на Генералното собрание на ОН против резолуцијата за долгорочните последици од катастрофата во Чернобил. Овој потег го усогласува Вашингтон со Русија, Белорусија, Кина, Северна Кореја, Никарагва

Чорба од спанаќ и тиквици

Многу вкусна чорба, лесна и брза за подготовка Состојки: 1 праз, ситно исецкан 1 голем компир, исечен на коцки 2 средни тиквички исечени на коцки 200 грама свеж спанаќ 3 чаши зеленчукова

НА ВРЕМЕ ИЛИ ПРЕДВРЕМЕ ја презентирав мојата идеја за ЗАЕДНИЧКИ ВЛЕЗ НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ВО ЕУ

Српскиот претседател Александар Вучиќ присуствуваше на вечерата вчеравечер во зградата на Европската комисија во Брисел, организирана од претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на која присуствуваше и претседателот на Европскиот
Go toTop