Ива Пројковска прва жена која ќе суди натпревар од Првата македонска фудбалска лига

March 30, 2023
1 min read

Најдобрата македонска судијка Ива Пројковска е првата жена која ќе ја дели правдата на еден натпревар од Првата македонска фудбалска лига.

Историскиот момент за македонскиот фудбал ќе се случи на 2 април во Тетово каде Шкендија ќе ја пречека Победа во 25.коло. Почетокот на натпреварот е закажан за 15 часот.

Помошници на Пројковска ќе бидат Дејан Костадинов и Гоце Петрески.

Најдобрата македонска фудбалска судијка се наоѓа во Топ 20 делителки на правдата во Европа. Таа неодамна судеше четвртфинален натпревар во женската Лига на шампионите (Баерн – Арсенал).

Потегот на Фудбалската федерација на Македонија да ја делегира Пројковска за главен судија на натпревар од ПМФЛ е за поздравување и влева надеж дека со ова се отвора патот и за други квалитетни македонски судијки да бидат дел од прволигашки натпревари во машка конкуренција.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Нови закани за поставени бомби низ училишта во Бугарија

Следно

Костадиновска – Стојчевска: Сите треба да си ги остварат правата, го поддржувам она што го бараат вработените во министерството

Latest from Blog

Во тек реконструкција на јужната трибина на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола

Во тек е санацијата на јужната трибина на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола, со што спортскиот објект добива нов и современ изглед. Проектот опфаќа целосна реконструкција на трибините, замена и зајакнување на
Go toTop