Итна седница на НКТ: По згаснатите животи на Ивана и Катја ќе се менуваат неколку закони

March 10, 2026
1 min read

Националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата на Совет на Европа за спречување и борба против насилство врз жените и семејното насилство со кое претседаваше заменик министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, одржа итна седница во проширен состав, со присуство на министерот за внатрешни работи, Тошковски, заменикот министерот за правда, Деребан, претставници на Јавното обвинителство, Основен суд, експерти во областа, граѓански организации и претставници од надлежните институции.

Итноста произлегува по последниот трагичен настан во кој згаснаа два животи, а со цел преземање на конкретни мерки и активности од страна на сите надлежни институции, во насока на спречување и подобрување на заштитата на жртвите и гонење на сторителите.

Исто така, на Седницата беа разгледани и заклучоците од одржаната тркалезна маса организирана од страна на Министерството за внатрешни работи, со учество на надлежни институции и граѓански организации и академската фела, кои работат во областа на семејното насилство. На овој настан беа дадени препораки и конкретни активности кои треба да се преземат, а кои имаат за цел зајакнување на системот за спречување и заштита на жртвите, но и гонење на сторителите.

На седницата на НКТ, беа усвоени заклучоци за формирање на работна група која ќе подготви итни измени и дополнувања на повеќе закони, со цел унапредување на институционалната координација и зајакнување на системот за заштита на жените жртви на насилство и семејно насилство.

Еден од заклучоците од седницата е и формирање на работна група со претставници од сите релевантни институции и граѓански организации: Министерство за социјална политика, демографија и млади, (МСПДМ), Министерство за внатрешни работи (МВР), Министерство за здравство (МЗ), Министерство за образование и наука (МОН), Министерство за правда (МП), Невладини организации (HBO), Надлежни судови, Јавно обвинителство, претставници од академската фела и Собранието согласно Деловникот за работа на Националното координативно тело (НКТ) за подготовка на Предлог измени и дополнувања на Законите:

– Закон за полициски овластувања;
– Закон за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство;
– Закон за социјалната заштита;
– Закон правда на децата;
– Закон за бесплатна правна помош;
– Закон за кривична;
-Закон за парнична постапка и
– Закон за исплата на паричен надоместок на жртви од кривични дела со насилство.

Предлог измените треба да бидат доставени до Националното координативно тело во најкраток можен рок.

На седницата се донесе и заклучок, да се дадат конкретни мерки и активности за подобрување на системот за заштита на жените жртви на насилство кој ќе бидат дел од Стратегијата и Акцискиот план за Спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пет улици во Трн добиваат нов асфалт со проект на Општина Битола

Следно

По овој настан во Иран ДАЛИ НЕКОЈ ОЧЕКУВАШЕ ВАКВА ИЗЈАВА ОД ТРАМП

Latest from Blog

Проданоски: Продолжува уредувањето на улиците во Прилеп за граѓаните

Проданоски: Корективни зафати на улицата „Александар Македонски“ за подобра пристапност и безбедност Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, најави реализација на корективни зафати на улицата „Александар Македонски“ по барање на жителите, институциите

Берзата со промет од 26,5 милиони денари – раст кај Универзална инвестициона банка, пад кај Гранит

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза.  На берзанската сесија од 10 март 2026 година, индексот МБИ10 забележа пад од 0,18% и заврши на 9.886,57
Go toTop