По репрезентативниот сега и клупскиот фудбал во Италија доживува крах.Тоа доаѓа само неколку недели откако националниот тим беше елиминиран во Босна и Херцеговина и ќе го пропушти Светското првенство во 2026 година. Во четврток вечерта, по елиминацијата на Болоња во Лигата на Европа и Фиорентина во Конференциската лига, Италија официјално остана без ниту еден претставник во завршните фази од континенталните натпреварувања. За прв пат од сезоната 2018/19, Серија А нема да има тим во полуфиналето на европските клупски натпреварувања. Сепак, во тоа време имаше само две натпреварувања, бидејќи Конференциската лига сè уште не постоеше.
Ако се вратиме назад во историјата и ги погледнеме сезоните во кои се одржуваа три паралелни натпреварувања под покровителство на УЕФА, таков целосен крах за Италијанците не е виден од далечната 1987 година – пред точно 39 години.
Оваа сезона настапот на италијанските гиганти на најкомерцијалниот турнир – Лигата на шампионите – исто така беше далеку од очекувањата. Аталанта успеа да стигне најдалеку од сите Апенински клубови. Сепак, тимот од Бергамо беше немилосрдно сопрен во осминафиналето од германскиот колос Баерн Минхен. Баварците го елиминираа својот италијански ривал со убедлив вкупен резултат од 2:10.
Извор: vecer.mk


