„Istanbul Photo Awards“ со изложба во Истанбул ја одбележува 10-годишнината

June 7, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – В понеделник во Истанбул ќе се отвори изложбата по повод 10-годишнината на престижните „Istanbul Photo Awards“, во организација на Анадолу.

На настанот ќе бидат претставени наградените фотографии од оваа година.

Дополнително, ќе има простор за дигитално претставување на наградуваните фотографии од изминатите 10 години.

Изложбата ќе се одржи во библиотеката Рами и ќе трае до 23 јуни, давајќи им можност на посетителите да се потсетат на значајните настани од светот од изминатата година.

Од трагедијата на геноцидот во Газа до разорниот земјотрес во Туркије минатата година, од операциите на мексиканските криминални банди до маките на авганистанските бегалци, фотографиите нудат потресен приказ на човечките искуства на различни континенти.

На церемонијата за отворањето на изложбата и на доделувањето на наградите, под покровителство на претседателот на Управниот одбор и генерален директор на Анадолу, Сердар Караѓоз, ќе присуствуваат и истакнати лица од меѓународните медиуми и од областа на фотографијата.

Оваа година „Istanbul Photo Awards“ се спонзорирани од турскиот мобилен оператор „Турксел“, „Сони“ е спонзор на наградите, Агенцијата за соработка и координација на Туркије спонзор на меѓународните настани и „Туркиш ерлајнс“ авиокомпанија спонзор.

Дополнителни информации за наградените фотографии се прикажани на istanbulphotoawards.com.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Израелските трупи напредуваат кон коридорот Филаделфија потполно изолирајќи ја Газа од светот

Следно

ЕК препорача почеток на преговори со Украина и Молдавија

Latest from Blog

Зошто шефот на ЦИА итно отиде во Москва? ИНФОРМАЦИИ ЗА ОПАСНИОТ ПЛАН НА ПУТИН

Станува сè појасно зошто директорот на ЦИА, Џон Ратклиф, во вторникот брзо отпатува во Москва. Хамиш де Бретон-Гордон, поранешен командант на британските сили за хемиско, биолошко, радиолошко и нуклеарно оружје, во анализа

ВЛЕН: Неприфатлива е глорификацијата на Ратко Младиќ и воените злосторници

Политичката партија ВЛЕН остро ја осуди, како што наведува, секоја форма на глорификација на четниците, а особено на Ратко Младиќ, кој е осуден за геноцид и други тешки воени злосторства. Од партијата

Речиси 500 мигранти со чамци пристигнале во Велика Британија за еден ден

 Ова се првите регистрирани пристигнувања од 17 август, објавува Би-Би-Си. Вкупно 494 лица беа истоварени од седум чамци во Довер и префрлени во база на Командата за гранична безбедност. Гумените чамци влегуваа
Go toTop