ЕК препорача почеток на преговори со Украина и Молдавија

June 7, 2024
1 min read

Европската комисијата им соопшти на амбасадорите на ЕУ дека Украина и Молдавија ги исполниле условите за почеток на пристапните преговори со ЕУ.

„Сметаме дека двете земји ги исполнија сите услови“, изјави портпаролка на Европската комисија во петокот во Брисел. „Сега одлуката е во рацете на земјите-членки“, дополни таа. 

Притисокот сега е врз земјите-членки да го одобрат формалниот почеток на преговорите на самитот на 25 јуни, откако во декември минатата година беше донесена првичната одлука да им се даде кандидатски статус. 

Но, одбивањето на Унгарија, земја која е најпријателски расположена кон Русија во ЕУ, засега се заканува да ја одложи одлуката за која е потребна едногласност меѓу земјите-членки.

Европската комисија им зададе серија задачи на Украина и Молдавија кои требаше да бидат завршени пред почетокот на преговорите. Од ЕК тврдат дека двете земји ги реализирале барањата, меѓудругото, да го намалат влијанието на олигарсите и да ги обезбедат правата на етничките малцинства. 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Istanbul Photo Awards“ со изложба во Истанбул ја одбележува 10-годишнината

Следно

Младите со серија критики за македонското образование

Latest from Blog

Зошто шефот на ЦИА итно отиде во Москва? ИНФОРМАЦИИ ЗА ОПАСНИОТ ПЛАН НА ПУТИН

Станува сè појасно зошто директорот на ЦИА, Џон Ратклиф, во вторникот брзо отпатува во Москва. Хамиш де Бретон-Гордон, поранешен командант на британските сили за хемиско, биолошко, радиолошко и нуклеарно оружје, во анализа

ВЛЕН: Неприфатлива е глорификацијата на Ратко Младиќ и воените злосторници

Политичката партија ВЛЕН остро ја осуди, како што наведува, секоја форма на глорификација на четниците, а особено на Ратко Младиќ, кој е осуден за геноцид и други тешки воени злосторства. Од партијата

Речиси 500 мигранти со чамци пристигнале во Велика Британија за еден ден

 Ова се првите регистрирани пристигнувања од 17 август, објавува Би-Би-Си. Вкупно 494 лица беа истоварени од седум чамци во Довер и префрлени во база на Командата за гранична безбедност. Гумените чамци влегуваа
Go toTop