Иран: „Туркије има клучна улога во процесот од Астана“

December 2, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Иран денес ја пофали „клучната улога“ на Туркије во процесот од Астана за намалување на тензиите во Сирија, јавува Анадолу.

Портпаролот на Министерството за надворешни работи, Есмаил Багаи, говорејќи на неделната прес-конференција, го истакна значењето на процесот од Астана за деескалација на тензиите во Сирија, велејќи: „Туркије има клучна улога во процесот од Астана.“

„Таа одигра корисна и конструктивна улога во намалувањето на тензиите во Сирија“, нагласи тој, истакнувајќи: „Овој процес мора да продолжи и ние треба да го искористиме за да ја подобриме ситуацијата во Сирија.“

Багаи истакна дека процесот од Астана останува најтрајниот и најефикасниот механизам за управување со кризата во земјата разурната од војна.

„Како дел од процесот од Астана, Туркије, Иран и Сирија направија значителни напори за намалување на регионалните тензии“, потсети тој.

„Трите земји гаранти презедоа чекори за контролирање на овие тензии“, рече портпаролот.

„Процесот од Астана останува активен, а меѓународната заедница го препознава неговото влијание.“

Во врска со посетата на иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи на Анкара, официјалниот претставник рече дека неговите состаноци ќе се фокусираат на напорите за борба против тероризмот.

Преговорите за форматот Астана беа започнати во 2017 година со земјите гаранти Туркије, Русија и Иран за изнаоѓање решение за сириската граѓанска војна што започна на почетокот на 2011 година.

Судири започнаа на 27 ноември меѓу силите на режимот на Асад и антирежимските вооружени групи во Алепо во Северна Сирија, што означи повторна ескалација на борбите по периодот на релативна смиреност во граѓанската војна што ја зафати Сирија во 2011 година.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Режимот на Асад и опозициските сили ги зајакнуваат воените позиции околу сирискиот град Хама

Следно

Верските поглавари ги повикаа граѓаните да не потклекнуваат пред обидите за нарушување на соживотот

Latest from Blog

Божиновска: Македонија активно ги следи глобалните процеси за енергетска транзиција

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, ќе биде дел од државната делегација на Република Северна Македонија, предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која од 10 до 13 ноември 2026 година

Николоски: Го зајакнуваме стратешкото партнерство со Обединетото Кралство

Заменик  претседателот на Владата, Александар Николоски денеска оствари работна средба со новоименуваната амбасадорка на Обединетото Кралство, Маја Сивањанам. Во фокусот на средбата беше стратешкото партнерство меѓу Македонија и Обединетото Кралство, унапредување на

По примерот на ЕУ и Велика Британија, дали Македонија ќе отвори пат за стратешки рударски проекти?

Велика Британија треба да го следи примерот на Европската Унија и да воведе модел за означување и поддршка на стратешки рударски проекти, оценува парламентарната Комисија за бизнис, иновации, наука и трговија. Во

ВЛЕН: Владината коалиција е стабилна, продолжуваме со исполнување на ветувањата

Централното претседателство на ВЛЕН одржа редовна седница на која беа разгледани актуелните политички случувања и беа потврдени приоритетите на коалицијата за претстојниот период. Од ВЛЕН порачуваат дека остануваат посветени на реализацијата на

Славески: Електронското и мобилното банкарство на „АЛТА банка“ повторно се достапни

Клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола од денеска повторно можат да ги користат електронското и мобилното банкарство за плаќање сметки и други обврски, како и за располагање со своите средства, соопшти гувернерот
Go toTop