Инвазијата на Курск покажа колкав е проблемот на Русија со нови регрути

August 14, 2024
1 min read

Магазинот проценува дека руската армија моментално бележи најголеми загуби од почетокот на војната во 2022, а во исто време не успева да ги надомести загубените војници со нови регрути. Нивните информации се дека регионалните власти во просек се минус околу една третина од зададените квоти.

Доколку не успее регрутирањето со убаво, Русија ќе мора да размисли за нова мобилизација, која најверојатно на јавноста ќе и биде претставена како мерка за ротирање на војниците што се на фронтот.

Блумберг тврдењата ги поткрепува и со речиси непостоечкиот отпор што украинските сили го добија при инвазијата на Курск, кои сега контролираат 1.000 километри квадратни руска територија и продолжуваат да освојуваат.

„Рускиот неуспех до сега да го спречи украинскиот напад и да ја врати контролата врз границата го открива недостатокот на човечки резерви.

Москва има стотици илјади војници на фронтот во источна и јужна Украина каде се соочува со се поголеми жртви и борби кои главно се безизлезни,“ пишува Блумберг.

Путин ја објави првата мобилизација на резервисти во септември 2022, што предизвика паника меѓу Русите од кои речиси еден милион ја напушти земјата. За да не им се повтори ваквото искуство, Кремљ се обиде со најразлични кампањи да ја исполни квотата од 30.000 нови војници месечно за покривање на загубите на фронтот.

„Обемот на руските загуби и недоволните нивоа на нивна замена се повеќе го отежнуваат и спроведувањето на сегашната стратегија за споро напредување и мелење на фронтот во Украина. Повеќе никој не дискутира за освојување на Киев и други градови, бидејќи Русија нема доволно војска за тоа,“ пренесува Блумберг изјава на човек запознаен со ситуацијата.

Освен маркетингот, главна мерка на Кремљ до сега беше зголемување на платите на војниците и бонусот за пријавување. Во јули градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, најави бонус од 22.000 долари за секој доброволец што ќе потпише договор, што е плус на 6.600 долари што годишно им се исплаќаат.

Процената на Собјанин е дека нов регрут во првата година од служењето, доколку ја преживее до крај, ќе заработи 5,2 милиони рубљи, што е неполни 58.000 долари.

Во меѓувреме Путин објави наредба за два пати да се зголеми федералниот бонус што им се исплаќа на новите регрути и да изнесува 4.400 долари, плус идентична сума да дадат и локалните власти. Просечна плата во Русија во мај беше 960 долари.

Блумберг смета дека ангажираноста на владата да собере се што може за пополнување на воените редови се одразува лошо и на индустријата и пазарот на труд кој губи десетици илјади луѓе месечно, што заради регрутација, што заради бегање од истата.              

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Ангелов: Борбата против потпалувачите мора да биде жестока, бидејќи превенцијата е најдобриот начин

Следно

Во израелските напади врз Појасот Газа од 7 октомври убиени се 39.965 Палестинци

Latest from Blog

Дневен хороскоп: Близнаците да не ја трошат енергијата, Лавот да внимава на потребите на партнерот

Овен Почетокот на работната недела ве наполнува со моќна креативна енергија. Понеделник ве поттикнува да ја претворите инспирацијата во конкретни чекори, но бидете внимателни со импулсивните одлуки. Космосот фаворизира проекти кои бараат

Костовски: Продолжуваме со силна динамика, нова детска градинка во Бутел 2

Градоначалникот Дарко Костовски изврши увид во градежните активности за изградба на нова детска градинка во Бутел 2. Градежните активности напредуваат со одлична динамика. Стариот објект кој беше изграден во далечната 1964 години

Костовски: Ветувањата стануваат реалност – Бутел 2 добива нов лик со изградбата на модерна детска градинка

Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, кој на 19 октомври го освои вториот мандат како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ со поддршка од сите жители на општината без разлика на нивната етничка припадност, соопшти

Се враќа шармот на старо Скопје: започнува обнова на познатите хотели

Скопје наскоро ќе го врати дел од својот стар градски шарм. По најавената реконструкција на легендарниот хотел „Бристол“, компанијата „Македонијатурист“ планира целосна обнова и на уште три познати објекти – хотелите „Турист“,

Фото: Пејачка го заборавила брусхалтерот

 Тејана Тејлор неодамна присуствуваше на престижниот настан „Time100 Next“ во Њујорк, каде што ги шокираше сите присутни со голо издание. За оваа пригода, пејачката и глумица одлучила да облече исклучително провокативна и
Go toTop