Имињата на болниците и лекарите кои непотребно правеле операции на срце ќе бидат објавени

November 17, 2025
1 min read

Имињата на болниците и лекарите кои непотребно упатувале пациенти на операции и направиле непотребни интервенции кај лица со кардиоваскуларни дијагнози ќе бидат објавени кога извештајот на комисијата ќе стане конечен, изјави министерот за здравство Азир Алиу.

Во интервју за емисијата „360 степени“ на МРТ 1, министерот вечерва појасни дека објавувањето ќе следи по завршувањето на втората фаза од процесот, кога во комисијата ќе се вклучат и тројца меѓународни експерти.

-Прво, од етички аспект, бидејќи сè уште е драфт-верзија. Можеби надворешните експерти ќе кажат дека наодот е различен, затоа ќе треба уште еднаш да се анализира заедно со надворешната експертска комисија, изјави Алиу.

Во врска со ризиците од необјективност на комисијата, во која членуваат и лекари од приватни болници, министерот нагласи дека станува збор за стручни експерти и дека сите одлуки се носени со мнозинство.

-Таму како што реков не е еден, два, туку се 15 члена. Ние имаме записници од секоја работна средба на комисијата и за секој случај, за секој предмет, за секој фолдер, освен административниот, исто така и клиничкиот дел. Значи, со цедиња, обезбедивме со видеобим, со компјутери за да може да одат буквално и административниот и клиничкиот дел да се анализира и тука и се гласаше. Има коментари за секој наод, истакна тој.

Алиу додаде дека во комисијата има и доктори од државни здравствени институции.

-Идејата е дека од 15 членови во комисијата, еден или два гласа не можат да го променат резултатот, рече министерот.

Тој најави дека конечниот извештај ќе биде јавно достапен на веб-страницата на Министерството по ревизијата на меѓународните експерти.

-Вториот момент е дека тие се навистина стручни, ќе видите, тој извештај, крајниот извештај ќе биде јавно достапен на нашата веб-страна. Ја чекаме сè уште втората фаза, да дојдат тројца експерти од надвор за да се ревидира, да се анализира уште еднаш извештајот и тогаш ќе биде конечен, нагласи Алиу.

Министерството, по добивањето на конечниот документ, ќе подготви акциски план за зајакнување на системските механизми и спречување на слични случаи во иднина.

Алиу предупреди дека јавноста не смее да го загуби довербата во кардиохируршките и васкуларните услуги и најави целосна транспарентност.

-Затоа сакаме тотално да бидеме транспарентни со крајниот извештај. Јас од почеток реков дека тој краен извештај нема само да биде лист хартија којшто ќе дава информации за оваа група пациенти што биле скенирани од страна на експертите, туку ќе ни биде патоказ нам како министерство за да креираме или евентуално да менуваме закони. Ние во моментот менуваме 12 закони, плус два закона креираме бидејќи се непостоечки, а ни требаат заради дигитална трансформација на здравствениот систем. Верувајте дека по конечниот извештај и анализите од тој извештај, тие параграфи од таму ќе бидат за нас акциски план. И ние тогаш ќе излеземе со акциски план и со конечниот извештај за да може здравствениот систем веќе да биде робусен од ваков тип на процеси, изјави министрот за здравство Алиу. (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Албанската опозиција на протест пред владата во Тирана: Денеска сме пред зградата на државниот криминал

Следно

„Пекол на Земјата“: Украинската војска објави фотографии од уништениот град

Latest from Blog

Почуствувала провев, па зад огледалото открила таен трисобен стан: Ова е најхрабрата жена на светот (ВИДЕО)

Она што го пронашла зад огледалото во бањата било многу поневеројатно и вистинска мистерија. „Влегуваш во друга димензија“ Жителката на Њујорк била збунета од протокот на ладен воздух што го чувствувала секој

Скандалозно: И хрватскиот коментатор згрозен од скандирањето на хрватските фанови во Подгорица!

ФОТО: Hrvatski nogometni savez/FB Црна Гора загуби од Хрватска со 3:2 во Подгорица на крајот од квалификациите за Светското првенство. На екипата на Мирко Вучиниќ не ѝ помогна ниту водството од 2:0,

„Пекол на Земјата“: Украинската војска објави фотографии од уништениот град

Копнените сили на Украина објавија фотографии од пустошот во Костјантинивка во регионот Донецк, покажувајќи го обемот на пустошот што напредувањето на Русија на исток го остава зад себе во украинските градови. Фотографиите

Албанската опозиција на протест пред владата во Тирана: Денеска сме пред зградата на државниот криминал

Протестот се одржа пред владата, во чие обезбедување беа ангажирани голем број полициски службеници а вратите на  објектот беа заштитени со метални решетки. Прв говорник, пред поголем број присутни беше лидерот на
Go toTop