„Илинден“-Тирана со барање: Официјалната веб-страница на Општина Пустец да биде достапна на македонски јазик

August 5, 2026
1 min read

Македонско друштво “Илинден“–Тирана упати официјално барање до градоначалникот на Општина Пустец, претседателот на Општинскиот совет и членовите на Советот, со кое бара официјалната веб-страница на Општината, покрај на албански, да биде достапна и на македонски јазик.

Иницијативата се темели на Законот бр. 96/2017 „За заштита на националните малцинства во Република Албанија“, кој ги гарантира правата на националните малцинства, вклучително и правото на употреба на нивниот јазик во комуникацијата со органите на локалната самоуправа во средините каде што тие традиционално живеат.

Од Македонското друштво “Илинден“–Тирана истакнуваат дека овозможувањето на официјалната веб-страница на Општина Пустец и на македонски јазик ќе претставува важен чекор кон практична примена на правата на македонското национално малцинство, ќе го подобри пристапот на граѓаните до јавните информации и ќе ја унапреди комуникацијата со локалните институции.

Според здружението, оваа иницијатива ќе придонесе за поголема институционална транспарентност, почитување на јазичната и културната разновидност и доследно спроведување на националните и меѓународните стандарди за заштита на правата на националните малцинства.

Барањето е доставено и до Комесарот за заштита од дискриминација, како и до Народниот правобранител на Република Албанија.

Македонското друштво “Илинден“–Тирана изразува уверување дека надлежните институции ќе го разгледаат барањето со должно внимание и ќе преземат конкретни чекори за официјалната веб-страница на Општина Пустец да биде достапна и на македонски јазик, во согласност со законските обврски и принципите на еднаквост и недискриминација.

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Берзанскиот индекс ослабе, над 22 милиони денари промет на домашниот пазар

Следно

ВМРО-ДПМНЕ за Изборниот законик очекува Шасивари да се сретне со Филипче

Latest from Blog

ОВА СЕ НАЈДОБРИТЕ ШПИОНИ ВО СВЕТОТ, а најдобрите европски не се ни во петте најдобри светски

Британската Тајна разузнавачка служба (МИ6) е најмоќната надворешна разузнавачка служба во Европа, пред француската Генерална дирекција за надворешна безбедност (ДГСЕ) и холандската разузнавачка служба, покажуваат резултатите од истражувањето на францускиот магазин Експрес,

ВМРО-ДПМНЕ за Изборниот законик очекува Шасивари да се сретне со Филипче

Ако одлуката на Уставниот суд за платеното политичко рекламирање биде во корист на Левица, по чија иницијатива Судот веќе расправаше, тогаш Собранието ќе мора повторно да го отвори Изборниот законик, барем во

Берзанскиот индекс ослабе, над 22 милиони денари промет на домашниот пазар

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 05.08.2026 заврши со благ пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.211,87 поени. Во

Министерство за енергетика: Македонија внимателно ја следи состојбата во Европа, домашниот систем останува стабилен

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини континуирано ја следи состојбата во регионот и во Европа, како и домашните хидролошки показатели. Според расположливите податоци, состојбата во Македонија е стабилна и во моментов

ФИФА е во целосен хаос: Потегот на Инфантино го шокираше целиот фудбалски свет

Според информациите што ги даде францускиот весник „Л’Екип“, Инфантино во среда организирал кризен состанок со челниците на ФИФА во Мароко. Се вели дека првиот човек на светскиот фудбал е сериозно загрижен за
Go toTop