Идеалната единаесетка на слободни агенти!

September 3, 2025
1 min read

Заврши летниот трансфер-период, во кој англиската Премиер лига повторно беше главниот двигател. Трите најскапи трансфери (Александер Исак, Флориан Вирц и Хуго Екитике) ги реализираше Ливерпул, а осум од десетте најголеми зделки носеа „англиски потпис“.

Сепак, има многу фудбалери кои и по затворањето на летниот преоден рок во најсилните европски првенства сè уште се без клуб. Еве еден идеален состав од слободни играчи според „Мундо Депортиво“:

Голман – Висенте Гуаита (38 години)
Неговото име се споменуваше како засилување за Валенсија и Елче, откако му заврши договорот со Селта. Минатата сезона одигра 34 натпревари и осум пати ја сочува својата мрежа недопрена.

Десен бек – Рик Карсдорп (30 години)
Жозе Мурињо дури изјави дека ги „предал“ соиграчите со слабите партии во Рома. Последен клуб му беше ПСВ Ајндховен.

Централен дефанзивец – Такехиро Томијасу (26 години)
Повредите му го обележаа престојот во Арсенал, за кој одигра 84 натпревари во четири сезони. Во 2021 година чинеше повеќе од 18 милиони евра.

Централен дефанзивец – Курт Зума (30 години)
11 пати репрезентативец на Франција и шампион во Лигата на шампионите и Премиер лигата со Челси. Настапуваше како позајмен играч во саудискиот Ал-Ороба од Вест Хем, кој во 2021 плати 35 милиони евра за него.

Лев бек – Серхио Регилон (28 години)
Има шест настапи за репрезентацијата на Шпанија во времето на Луис Енрике. Се раздели со Тотенхем по пет години и три позајмици во Атлетико Мадрид, Манчестер Јунајтед и Брентфорд.

Дефанзивен играч за врска – Ориол Ромеу (33 години)
Договорот со Барселона беше раскинат за да се овозможи регистрација на Жерар Мартин или Руни Барџи. Минатата сезона одигра 31 натпревар како позајмен во Џирона, шест од нив во Лигата на шампионите.

Среден играч – Кристијан Ериксен (33 години)
Стави крај на престојот во Манчестер Јунајтед по три години со повеќе сенки отколку светлина. Ова лето неговото име се поврзуваше со Еспањол.

Среден играч – Оскар Родригез (27 години)
Поранешен играч на Севиља, Хетафе, Селта и Леганес, за кој минатата сезона одигра 32 натпревари (еден гол и четири асистенции). Вистинска закана при прекини.

Десно крило – Хаким Зијеш (32 години)
Според весникот „АС“, Елче – кој сè уште има слободни места во ростерот по затворањето на пазарот – ја разгледува опцијата за негово доведување. Тоа би било вистински удар.

Лево крило – Лоренцо Инсиње (34 години)
Европски шампион со Италија во 2021 година, неодамна се раздели со Торонто. Неговата иднина би можела да биде поврзана со Парма.

Центарфор – Карл Токо Екамби (32 години)
Остави добри спомени од престојот во Виљареал, за кој постигна 24 гола за една и пол сезона. Потоа играше за Лион, Рен, Абха и Ал-Етифак.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Русија изврши целосен воздушен напад врз Украина во текот на ноќта

Следно

Убиство на Детелинара: Маж избоден по расправија во кафеана

Latest from Blog

Сменета деканката на Медицинскиот факултет во Белград, нов вршител на должноста на чело на ФДУ

На денешната седница, Советот на Медицинскиот факултет при Универзитетот во Белград донесе одлука за разрешување на деканката Татјана Симиќ од функцијата. Заедно со неа, од функција се тргнати и сите продекани задолжени

Тен Хаг за само два месеци на клупата на Баер сериозно ќе ги наполни џебовите!

Ненадејното отпуштање на Ерик тен Хаг од Баер Леверкузен ќе му донесе сериозна финансиска компензација на холандскиот стратег, пишува „Билд“. Според информациите, стручњакот, кој се задржа само два месеца на клупата, ќе

Ураганот Кико и тропската бура Лорена се зајакнаа над источниот Пацифик

Ураганот Кико и тропската бура Лорена се зајакнаа над источниот Пацифик, а метеоролозите очекуваат бурата да донесе обилни дождови во Баја Калифорнија, објавија денес американските медиуми. Националниот центар за урагани во Мајами,

Мицкоски: Започна изградбата на нов продажен маркет на „Лидл“, ова е уште една потврда дека сме вистинска дестинација за инвеститорите

Премиерот Христијан Мицкоски денес се обрати на поставувањето на камен-темелник на нов продажен маркет на „Лидл“, проект кој е важен за македонската економија и за македонските граѓани. Порача дека со оваа инвестиција,

„Македонска држава“ – прва дигитална библиотека за македонското историско наследство стартува на 8 септември

Првата дигитална платформа со електронски книги, историски документи и истражувања кои опфаќаат над 150 години македонска историја, култура, поезија и патриотско творештво почнува со работа на 8 септември, Денот на независноста. Станува
Go toTop