И кога не се на фронтот, тие се на обука: Украинските снајперисти секогаш на готовс

February 23, 2023
1 min read

ЗАПОРОЖЈЕ (АА) – ДАВТ КАЧКАЧИШВИЛИ – Поради Руско-украинската војна, која трае речиси една година, украинските снајперисти, кои со месеци се на линијата на фронтот, поминуваат интензивна обука и кога не се на фронтот, јавува Анадолу.

Тие поминуваат обука на воен полигон во регионот Запорожје во Украина, блиску до линијата на фронтот.

Воениот персонал распореден во овој регион, кој користи различно оружје, поминува низ континуирана борбена обука дури и кога не учествува во борбите.

Меѓу нив има и снајперисти кои се приклучени на Бригадата за територијална одбрана на украинската војска.

Поручникот Јевгениј, кој е задолжен за обука на снајперистите во споменатиот баталјон, го информира дописникот на АА за борбената обука на војниците.

Евгениј, кој од безбедносни причини не го откри своето презиме, рече дека снајперистите минуваат низ интензивна обука трипати неделно.

Низ обука минуваат и други воени лица кои користат друго оружје.

Командантот со кодно име „Був“, кој ја води обуката, изјави дека на полигонот се создаваат услови погодни за воена средина за војниците секогаш да бидат подготвени за војна.

„Денеска пукаат снајперистите. Друга група војници лансира ракети од противоклопен систем. Некои војници тренираат со митралези“, појасни командантот.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Брачен пар здравствени работници кои го преживеаја земјотресот ја оставија болката настрана и притрчаа во помош

Следно

Нови дојави за бомби: Се евакуираат неколку скопски училишта

Latest from Blog

Ѓорѓиевски претстави проект за младите: мобилност, култура и заштеда со „SKOPJE CITY GO“

Градоначалникот на Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска го презентира новиот проект „SKOPJE CITY GO“, наменет за младите и сите граѓани на Скопје. „SKOPJE CITY GO“ е

ВРЕДИ: ДУИ пред избори зборува за чист воздух, додека 20 години го труеше народот

Коалицијата Вреди остро ја обвини ДУИ дека две децении наназад го разнебитувала системот и ги оставила граѓаните да живеат во корупција и загадување. „ДУИ, која две децении по ред ги труеше граѓаните

Ѓорѓиевски: Институциите итно да ги санкционираат предизвикувачите на пожарот

После повеќе од 15 часа борба со огнената стихија во Трубарево, градоначалникот на Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, информира дека пожарот е целосно изгаснат, со исклучок на неколку ситни
Go toTop