Ужасни вести доаѓаат од Грција од Ситонија каде, според
грчките медиуми, волк каснал петгодишно девојче од Србија на плажа, пишува К1.
Додека ДНК анализата не потврди дека станува збор за волк,
вестите на грчките портали додаваат дека „веројатно“ станува збор за волк.
По каснувањето, семејството се упатило кон здравствениот
центар „Агиос Николаос“ во Ситонија.
Снимките од безбедносните камери потврдиле дека петгодишното
дете веројатно било каснато од волк, но инцидентот сè уште се истражува.
На детето веднаш му е укажана прва помош, а потоа е
префрлено во болницата во Полигирос на Халкидики, каде што лекарите ги извршиле
потребните процедури за лекување на раната од нападот на волкот. Потоа детето е
отпуштено од болница.
Извор: vecer.mk