Хоџа: Продолжуваат инвестициите во комуналната инфраструктура во Чаир

April 16, 2026
1 min read

Денеска, министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, заедно со градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, го означија почетокот на изградбата на нова водоводна и канализациона мрежа на улицата Дижонска 15. Проектот е финансиран од Министерството со 6,9 милиони денари.

Со оваа инвестиција директно се одговара на инфраструктурните потреби на жителите од овој дел на Чаир, обезбедувајќи подобри услови за живеење и повисок квалитет на живот, соопштија од министерството.

Хоџа истакна дека активностите се дел од континуираниот процес на унапредување на комуналната инфраструктура во општината, но и пошироко низ државата, преку конкретни проекти што носат видливи и одржливи резултати. Целта е јасна, вели тој, секој граѓанин да има пристап до основни услуги и здрава, чиста животна средина.

Извор: zurnal.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Што значи ова: Нико Паз “удри“ по Јамал на социјалните мрежи!(ФОТО)

Следно

Шпанскиот премиер Санчез формира коалиција против Трамп: Се собира меѓународен прогресивен фронт

Latest from Blog

Шпанскиот премиер Санчез формира коалиција против Трамп: Се собира меѓународен прогресивен фронт

Шпанскиот премиер Педро Санчез планира да покрене меѓународен прогресивен фронт за време на самитот во Барселона на 17 и 18 април, со цел да се спротивстави, како што изјави, „на растот на

Што значи ова: Нико Паз “удри“ по Јамал на социјалните мрежи!(ФОТО)

ФОТО:Como 1907/FB Што навистина зналчи ова? Аргентинскиот офанзивец, Нико Паз, кој сега игра во Комо, го привлече вниманието на навивачите со своите постапки на социјалните мрежи насочени кон младата ѕвезда на Барселона,

Меџити: 20 години без решение за правосудниот испит, сега критиките на ДУИ се залудни

Градоначалникот на општина Чаир и еден од лидерите на владината коалиција ВЛЕН, Изет Меџити, во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5, реагираше на критиките на ДУИ во врска со прашањето за правосудниот
Go toTop