Хил: САД се против потезите на Приштина, ќе има последици

May 31, 2023
1 min read

Хил вели дека мора да се постигне напредок во нормализацијата на односите меѓу Белград и Приштина, формирање на Заедницата на српски општини и продолжување на дијалогот

Photo: EPA/MATTHEW CAVANAUGH

Амбасадорот на САД во Белград, Кристофер Хил, изјави дека Приштина ќе ги сноси последиците, бидејќи не ги послушала советите на Соединетите Американски Држави и дека тоа ќе влијае на односите со Вашингтон, но дека не е запознаен со сите детали.

Тој вели дека мора да се постигне напредок во нормализацијата на односите меѓу Белград и Приштина, формирање на Заедницата на српски општини и продолжување на дијалогот.

„Државниот секретар, Ентони Блинкен, јасно стави до знаење дека се противи на какви било потези што ги направил Курти кои се спротивни на сите совети што ги дававме и Блинкен рече дека ќе има последици. Мора да се обидеме да не го изгубиме нашиот компас и насока, а тоа е формирање на ЗСО, нормализација на односите. Потребно е да се помири балканскиот регион и да се продолжи во насока на ЕУ и евроатлантските интеграции“,

рече Хил.

Тој исто така рече дека САД ги осудуваат нападите на граѓаните врз војниците на КФОР и НАТО на северот на Косово и нагласи дека таквите акции мора веднаш да престанат.

Тој додаде дека е „исклучително важно“ двете страни да разберат дека единствениот пат напред е преку бриселскиот дијалог и со создавањето на Заедницата на српските општини, изразувајќи надеж дека Србија ќе остане фокусирана на продолжување на европскиот пат. 

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Оудеа-Кастера: „Преместувањето на бездомниците и барателите на азил од Париз нема никаква врска со Олимпијадата“

Следно

Халанд: Гвардиола е најдобриот тренер и најпаметниот играч што сум го сретнал

Latest from Blog

Проданоски: Буџетот за 2027 година го креираме со предлозите на прилепчани

Општина Прилеп ги заврши средбите со сите урбани заедници во градот во рамките на консултациите за подготовка на Буџетот за 2027 година. Градоначалникот Дејан Проданоски најави дека процесот продолжува со средби со

Николоски: Од 1 јануари само Државната лотарија ќе може да организира онлајн игри на среќа

Владата го измени Законот за игри на среќа, со кој јасно се ограничува организирањето на игри на среќа. Само Државната Лотарија ќе може да организира игри на среќа, дополнително се воведе ограничување

Божиновска: По три децении зависност од еден гасен правец, Македонија работи на нови врски со соседите

Македонија три децении зависела од само еден правец за снабдување со природен гас, а новите поврзувања со соседите треба да ја намалат таа зависност, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини,

Битола не ги заборава своите херои: Одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада

Во Битола свечено беше одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада, со положување свежо цвеќе, оддавање почит и пригодна културно-уметничка програма. Одбележувањето се одржа пред спомен-плочата кај Територијалната противпожарна

Божиновска: Гасните врски со Грција и Србија се приоритет за посигурно снабдување

Гасните интерконектори со Грција и Србија, Вертикалниот гасен коридор и повторното ставање во функција на продуктоводот Солун–Скопје се меѓу проектите со кои Македонија работи на посигурно снабдување со енергија. Ова го истакна
Go toTop