Хари Кацановски: Со романот „Анатрос“ создадов посебен свет во кој ги спојувам науката и уметноста

February 17, 2023
2 mins read

Со промоцијата на новиот научно-фантастичен роман на Хари Кацановски, „Анатрос“, вчеравечер, 16 февруари (четврток), во „Литература.мк“ на ул. „Македонија“ беше заокружена програмата на „Денови на литературата“. Книгата е дел од едицијата „Во еден здив“, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Промоторка на книгата беше уредничката Оливера Ќорвезироска.

Големата жанровска рамка на „Анатрос“ е научната фантастика, иако во овој кус роман се преплетуваат повеќе различни пристапи и понирања и во други раскажувачки формати. Психологијата на ликовите, траумите од растењето, релациите со другите… во книжевното писмо на Кацановски се поставени како наджанровска база, како суштина на постоењето сега, порано или подоцна. Компјутерските игри во иднината можеби ќе имаат влез за стварноста во нив, но она што нема да се промени е човековиот стремеж за излез од болката, страдањето и осаменоста – рече Ќорвезироска.

Идејата за новелата „Анатрос“ се родила пред повеќе години. Приказната почнала во форма на кратки раскази што ги пишувал сам за себе.

Сакав да создадам свет во кој „обработувам“ разни теми што ме засегаат, но прикажани во уметничка форма, пред сѐ, бидејќи уметноста може да продре во нив на начинот што го преферирав. Вториот важен аспект ми беше естетското доживување на светот што го измислив, а сакав да го пренесам, ако тоа воопшто е возможно, бидејќи секој може да го гледа четивото низ сопствените естетски леќи. Насловот „Анатрос“ ми беше интересен, не поради етимолошкото значење или, пак, симболиката на зборот, туку поради звучната естетика. Секако, тој има значење во контекстот на приказната што се занимава со главниот протагонист Јан. Тој е „сив“ лик, зашто не сакав да натежнувам кон црно-белото морално стилизирање на неговите карактерни особини. Неговите конфликти поврзани со слободната волја, потребата за среќа и мир, како и можноста или неможноста да го контролира надворешниот свет и себеси; се појави што се универзални за човекот без разлика на културата во која живее, а сепак се манифестираат различно во секој културолошки наратив. Другите ликови, наспроти Јан, се стилизирани, а тоа создава контраст што ја покажува неговата одвоеност од надворешниот свет – изјави Кацановски.

„Анатрос“ е во рамките на научната фантастика, за која авторот вели дека одамна му е блиска. Во литературата, филмската уметност и другите уметнички форми, таа имала важен удел во развојот на неговиот светоглед.

Научната фантастика еклектично ги обработува нештата што лично ме засегаат или ми побудуваат интерес, имено, од филозофијата и науката, до културата и историјата. Сепак, тешко е да го ставам „Анатрос“ во конкретни жанровски рамки, бидејќи содржи елементи од разни жанрови и поджанрови… Се надевам дека многумина ќе пронајдат нешто вредно во романот, на различен начин и поради различни причини. Немав на ум конкретна порака што би можел да ја срочам во кохерентна целина, веројатно поради тоа како го замислував четивото. Може да се каже дека во четивото има разни перспективи, критики и/или дилеми што се отворени за дискусија и разглобување – рече тој.

Ова е прв роман на Кацановски, кој родум е од Скопје, а има дипломирано на Машинскиот и на Фармацевтскиот факултет. За време на студиите и работата како филмски преведувач држи приватни часови по хемија, физика и математика, а професионално пишува и содржини од научен карактер. Негува голем интерес за психологија, филозофија и уметност, сврзани во едно градиво низ медиумот на научната фантастика.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Грчката Влада ќе покрене иницијатива за проверка на сеизмичката издржливост на јавните објекти

Следно

(ФОТО+ВИДЕО) Новинарски марш: Да престанат потценувањето и омаловажувањето

Latest from Blog

Познат кинески милионер ЗАГИНАЛ ВО СТРАШНА СООБРАЌАЈКА ВО АЛБАНИЈА: Дошол на службено патување, но некој возел во спротивен правец

Ли Џианхонг, кинески милионер, загина во сообраќајна несреќа за време на службено патување во Албанија! Тешка несреќа се случи во вторник, 27 април, на патот Елбасан-Либражд, кога возило со кинески регистарски таблички

Николоски: Нула факти, многу лаги – автопатот Охрид–Кичево ќе биде готов навреме

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски порача дека изградбата на автопатот Охрид–Кичево се одвива според планот и ќе биде завршена во предвидениот рок, отфрлајќи ги, како што рече, „невистините,

Страв од екстрадиција: Груевски предупредува и обвинува

Поранешниот премиер Никола Груевски, кој се наоѓа во Будимпешта и е осуден во повеќе судски постапки во Северна Македонија, преку објава на социјалните мрежи упати серија обвинувања кон домашните институции, тврдејќи дека

Најубавата спортска приказна викендов: Подолски на 40 години го освои Купот со својот клуб од детството!

Лукас Подолски, 40-годишниот капитен на полски Горњик Забже, го освои Купот на Полска со својот клуб од детството, победувајќи го Раков со 2-0 и освојувајќи го нивниот прв трофеј по 38 години.

Брод со 1,9 милиони барели иранска нафта поминал незабележано покрај американската морнарица

Според компанијата за следење на танкери, бродот носи повеќе од 1,9 милиони барели нафта, јавува агенцијата „Анадолу“. „Супертанкер од класата VLCC, во сопственост на Националната иранска компанија за танкери (NITC), кој носи
Go toTop