Хамас објави дека позитивно гледа на говорот на Бајден за прекин на огнот

June 1, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Палестинската група на отпорот Хамас во петокот соопшти дека позитивно гледа на говорот на американскиот претседател Џо Бајден во врска со новиот предлог за прекин на огнот, кој според нив бил одобрен од Тел Авив, известува Анадолу.

Хамас објави дека го поздравува повикот за траен прекин на огнот, повлекувањето на израелските сили од Појасот Газа, обновата на Газа и размената на заробеници.

„Ставот на САД и она што е утврдено на регионалната и меѓународната сцена со убедувањето за неопходноста од завршување на војната во Газа се резултат на легендарната непоколебливост на нашиот народ и неговиот храбар отпор“ се вели во соопштението.

Хамас ја повтори подготвеноста да се вклучи позитивно и конструктивно во секој предлог заснован на траен прекин на огнот и целосно повлекување на израелските сили од Појасот Газа, обнова на Газа и враќање на раселените во нивните домови.

Се истакнува подготвеноста кон исполнувањето на вистинскиот договор за размена на затвореници доколку окупациските сили јасно ја објават својата посветеност кон таковиот договор“.

Предлогот што го објави Бајден содржи три фази, од кои првата трае шест недели и вклучува целосен прекин на огнот, повлекување на израелските сили од населените области во Газа и размена на заробеници.

Повеќе од 36.200 Палестинци се убиени, а 82.000 се ранети во израелските напади на Појасот Газа од 7. октомври досега.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата (МСП), кој во својата најнова одлука му нареди на Тел Авив веднаш да ја прекине операцијата во Рафа, град во јужниот дел на Појасот Газа, каде што повеќе од милион раселени Палестинци побараа засолниште.

И покрај тоа, израелските напади врз Појасот Газа продолжуваат со несмален интензитет, а испораката на хуманитарната помош не е доволна за решавање на хуманитарната катастрофа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Што значат европските парламентарни избори?

Следно

Зеленски: Руските терористи го разбираат само јазикот на силата

Latest from Blog

Онана во првиот меч за Трабзон имаше 7 одбрани и доби највисока оценка

фото: DİAS (X) Довчерашниот голман на Манчестер Јунајтед, Камерунецот Андре Онана имаше одлично деби на голот на Трабзонспор. Иако неговиот тим загуби на гостувањето кај Фенербахче со 1:0, Онана блескаше на голот

Аморим: Не ми е јасно како ги примаме овие голови

фото: Printscreen Менаџерот на Манчестер Ј., Рубен Аморим изјави дека е незадоволен од дефанзивната игра на неговиот тим на денешното дерби со Манчестер Сити. „Ако ги погледнете головите, можевме да ги избегнеме.

Мицкоски со порака: Ние ќе продолжиме да работиме, да се бориме и на крај ќе победиме

Премиерот Христијан Мицкоски објави видео од настанатите пожари кои избувнаа викендов. Воедно Мицкоски упати порака: „Она што се случуваше летото и со кое успешно се справивме, ќе продолжи, затоа што некој има

Фото: Супер провокативно издание на Марго Роби, гол грб и проѕирен фустан

Добитничката на Оскар, убавата актерка Марго Роби на промоцијата блесна во проѕирен фустан од колекцијата„ Armani Prive“ пролет 2025. Ова е едно од нејзините први јавни појавувања откако стана мајка минатата есен,
Go toTop