„Халанд е најдобриот стрелец што некогаш играл во Англија“

October 6, 2025
1 min read
фото: Manchester City (X)

Џејми Карагер го пофали Ерлинг Халанд, кој вчера му ја донесе тешката победа на Манчестер Сити од 1-0 над Брентфорд на гостински терен. Норвежанецот постигна гол во својот 9-ти натпревар по ред и дојде до 18 гола на 11 натпревари оваа сезона за клубот и за репрезентацијата.

„Мислам дека го гледаме најдобриот стрелец што некогаш играл во Англија. Не се сеќавам на Џими Гривс и Дикси Дин, но можам со сигурност да го кажам тоа по деновите на Гари Линекер, Алан Ширер, Хари Кејн и Jaн Раш“, рече Карагер.

„За мене, постои разлика меѓу одличен централен напаѓач и стрелец на голови. Мислам дека гледаме нешто што никогаш порано не сме го виделе во нашата игра и не треба да заборавиме дека овој клуб го имаше и одличниот Серхио Агуеро. Но, Халанд е сосема поинаков и најдобар“, додаде Карагер.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Европол во меѓународна акција заплени небезбедна храна вредна 95 милиони евра

Следно

Продолжува потрагата по двајца хрватски државјани затрупани во лавина во Словенија

Latest from Blog

Најмалку 12 лица загинаа во катастрофалните поплави во Тајланд

Најмалку 12 лица загинаа, а повеќе од 100.000 домаќинства се погодени од поплавите што погодија 16 провинции во Тајланд во текот на изминатата недела. Поплавите се предизвикани од неколкудневните обилни дождови и бури, соопшти

Костовски на Фејсбук: Подаваме рака за нашите пензионери

ПОДАВАМЕ РАКА ЗА НАШИТЕ ПЕНЗИОНЕРИ❗️ ♥️ Доделивме финансиска помош на 1️⃣.1️⃣0️⃣0️⃣ пензионери! 👵 Продолжуваме со заложбата за подобрување на животниот стандард на нашите пензионери и за првпат воведовме доделување на еднократна финансиска

Ѓорѓиевски: Карпош ќе добие мегапарк, зелени коридори и подобрена сообраќајна инфраструктура

Кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денес најави почеток на големи урбанистички и еколошки проекти во општина Карпош, вклучувајќи го изградбата на Мега парк – Лепенец. Според неговите најави, новиот парк

Божиновска го отвори 13. Советување на МАКО СИГРЕ: Иновации и идеи за развој на енергетиката

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денес го отвори 13. Советување на МАКО СИГРЕ, клучен настан за електроенергетскиот сектор во земјава, кој го собира академскиот и индустрискиот кадар за
Go toTop