И покрај најавите, до пред извесно време и од него самиот, Пеп Гвардиола нема намера така брзо да прави одмор и од Манчестер Сити и од фудбалот воопшто. Да потсетиме дека од 2008 година кога Пеп ја презеде Барса, па до денеска тој има имаше една сезона “луфта“ и тоа пред да седне на клупата на Барн Минхен.
Можеби затоа неговиопт поранешен аналитичар Карлес Планшарт, неодамна изјави дека најдобро за Гвардиола е да земе малку одмор.
Еве на тоа што одговори Пеп на денешниот прес по повод дуелот со Евертон утре на „Итихад“ од 16 часот во рамките на Премиер – лигата:
“Одмор од Сити и фудбалот? Тој е во право, но за тоа ќе размислувам во 2035 година“.
Извор: vecer.mk