Ѓурѓај му ја врачи наградата “Илинден” на претседателот на ФУЕН, Винце

October 25, 2025
1 min read

Почесната награда ”Илинден” за 2025 година и беше доделена на Федералната унија на европските националности за заложбите и поддршката што ја дава за Македонците во Албанија.

-Огромна чест ми беше во име на друштвото и на македонско национално малцинство во Република Албанија лично да му ја предадам на почитуваниот Лорант Винце, претседател на ФУЕН,  почесната награда ”Илинден” доделена на ФУЕН за оваа година, информираше Ѓурѓај.

За МИА, Ѓурѓај додаде дека се заблагодарил за  досегашна ангажираност во интерес на вистината за животот и ангажманите на Македонците во Република Албанија, нивната положба и права.

Ѓурѓај учествува на  69-от Конгрес на унијата што се одржува во Болзано, Италија, на кој вчера едногласно беше усвоена Резолуција поднесена од Македонско друштво “Илинден”-Тирана.

Во документот стои дека ФУЕН ја повикува Албанија, Комитетот за малцинства, кој е владин орган, во кој членуваат претставници на деветте малцинства признати во оваа држава, да се трансформира во министерство за национални малцинства. 

Исто така, според Ѓурѓај,  ја повикува албанската влада да ја ратификува европската карта за регионалните малцински јазици.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Чаби Алонсо: Нема да ги коментирам зборовите на Јамал

Следно

Меџити: Проектите во Дижонска се доказ дека Чаир се развива рамномерно

Latest from Blog

Зошто Адам Сандлер ѝ испраќа цвеќе на Џенифер Анистон секоја година? Причината е прекрасна

Иако досега вешто избегнуваше многу незгодни прашања, актерката дури неодамна одлучи еднаш засекогаш да одговори на новинарските прашања на терма родителство. Во емотивна исповед, таа зборуваше за долгата борба за потомство, но

Јунајтед одамна не изгледал вака, и Брајтон падна на „Театарот на соништата

Фото: Манчестер Јунајтед Х Манчестер Јунајтед ја забележа својата трета последователна победа откако дома го совлада Брајтон со 4-2. Резултатот привремено го искачи тимот на четвртото место на табелата, а играта на

Ѓорѓиевски: Во вториот круг одиме уште посилно за историска победа

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, вечерва упати благодарност до граѓаните на Чаир за поддршката и довербата што му ја укажале во првиот изборен круг. „Денот го завршуваме

Лондонската полиција ја презема потрагата по барателот на азил кој по грешка беше ослободен од затвор

Метрополитенската полиција во Лондон денес соопшти дека ја презема контролата врз потрагата по барателот на азил Хадуш Кебату, етиопски државјанин кој по грешка беше ослободен од затвор во петокот. Кебату беше по
Go toTop