Грција утре го презема претседателството со Советот за безбедност на ОН

April 30, 2025
1 min read

Поморската безбедност, заштитата на цивилите во време на војна, жените, мирот и безбедноста, децата во вооружени конфликти, но и војната во Украина, ситуацијата на Блискиот Исток и случувањата на Западен Балкан, ќе бидат дел од темите за време на грчкото претседателство со Советот за Безбедност на ОН, соопштија од Министерството за надворешни работи на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Грција утре го презема едномесечното претседателството, а од грчкото МНР посочија дека согласно Повелбата на Обединетите нации, „Советот за безбедност е орган со примарна одговорност за одржување на меѓународниот мир и безбедност“, а земјата ќе има можност „да го истакне својот силен дипломатски отпечаток, својата улога како искрен соговорник и мост меѓу Истокот и Западот, Северот и Југот, имајќи го меѓународното право и Повелбата на ОН како основни водичи на својата надворешна политика“.

– Војната во Украина и кризата на Блискиот Исток ќе бидат централна тема на состаноците на Советот за безбедност. Случувањата на Западен Балкан, ситуацијата во Либија и Судан исто така беа избрани како главни теми на дискусија. За време на претседателството, Грција, како силен поддржувач на мултилатералната дипломатија, колективната безбедност и мировната улога на Обединетите нации, ќе работи со сите земји-членки на Советот за безбедност за одржување и консолидирање на меѓународниот мир и безбедност кон меѓународна безбедносна архитектура базирана на правила, соопштија од грчкото МНР.

Дополнително, додадоа дека поморската безбедност ќе биде тема на главниот настан на високо ниво, што ќе се одржи на 20 мај во Њујорк.

На почетокот на годинава започна двегодишниот мандат на Грција како непостојана членка на Советот за безбедност на ОН.

Извор: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Претседателот на ТИКА, Кајалар, ги посети пациентите повредени во пожарот во Кочани што се лекуваат во Анкара

Следно

Пад на индустриското производство во секторот рударство

Latest from Blog

Претставување на невестата и зетот на годинашната Галичка свадба

Месната заедница Галичник и Пивара Скопје денеска на прес-конференција ќе ги претстават младенците за годинашната Галичка свадба и ќе ја соопштат програмата на манифестацијата.  Покрај невестата и зетот, кои ќе бидат облечени

ДУИ: Изгубени 40 милиони евра – неуспех на европската агенда на сите фронтови

Во сенка на големиот дебакл во Европскиот парламент, речиси незабележано поминува веста дека државата изгубила речиси 40 милиони евра од Планот за раст на Европската Унија.Овие средства не беа симболични.Тие беа наменети

Врховниот суд на САД ќе одлучува за учеството на трансродови лица во женски спортови

Врховниот суд на САД соопшти дека ќе ги разгледа првите случаи поврзани со учеството на трансродови лица во женски спортски натпревари – тема која предизвикува сè поголеми политички и правни поделби во
Go toTop