Screenshot

Грчки музички сојуз со поддршка за македонскиот бенд Banda Entopica

December 28, 2025
1 min read

Панелинскиот музички сојуз остро ја осуди, како што ја нарече, неприфатливата постапка на градоначалникот на Лерин, кој предводел група „револтирани граѓани“ и предизвикал тензии за време на концерт на традиционална музика поради изведување песни на словенски дијалект.

Според пријава на музичкиот состав „Banda Entopica“, градоначалникот директно интервенирал кај тон-мајсторот, барајќи да се исклучи озвучувањето, додека друго лице се искачило на сцената и физички оттурнало член на бендот со зборовите дека „такви песни тука нема да се свират“.

Од Сојузот оценуваат дека ваквите настани се дел од долгорочна политика на забрана и маргинализација на јазикот, песните, обичаите и културата на малцинствата во Грција, и покрај официјалните декларации за почит и инклузивност. Во соопштението се наведува дека преку културата се поттикнува омраза меѓу народите врз основа на јазик, религија и културна припадност.

 

Панелинскиот музички сојуз предупредува дека на удар не е само словенскиот јазик, туку и арапскиот, албанскиот, турскиот, како и различните верски заедници, особено муслиманската, кои често се стигматизираат.

На крајот, музичарите и граѓаните се повикуваат да се спротивстават на политиките што шират поделби и омраза, со порака дека народите немаат ништо што ги разделува и дека заедничката борба е единствениот пат кон мир, без војни, сиромаштија и експлоатација.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Битола во празничен ритам пред дочекот на Новата 2026 година

Следно

Трамп разговараше по телефон со Путин пред средбата со Зеленски

Latest from Blog

Македонец меѓу светските економски лидери: Филип Јолевски 4-ти по прегледи на трудови

Филип Јолевски, македонски економист кој работи во Светската банка, годинава е рангиран на 4-то место во светот според бројот на прегледи на неговите научни трудови во областа на економија, според методологијата на

Трамп разговараше по телефон со Путин пред средбата со Зеленски

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денес изјави дека имал добар и продуктивен телефонски разговор со претседателот на Русија, Владимир Путин, пред средбата со претседателот на Украина, Володимир Зеленски, најавена за
Go toTop