Грчката полиција трага по нарачателот на убиството на новинарот Карајваз

May 2, 2023
1 min read

Грчката полиција, по уапсените две лица за учество во убиството на новинарот Јоргос Карајваз пред две години, трага по моралниот сторител, односно нарачателот на убиството, според портпаролката на полицијата Константина Димоглиду, јави дописничката на МИА од Атина.

Говорејќи за грчката телевизија ЕРТ, Димоглиду рече дека полицијата истражила над 300 видео снимки за убиството на новинарот, а истрагата продолжува.

– Очигледно е дека постоеле и соучесници, но она што ја интересира полицијата е да го пронајде моралниот сторител. Постојат информации за тоа какви контакти имал конкретниот новинар, бидејќи кога еден новинар се занимава со организиран криминал не може да добива информации само од полицијата. Очигледно има контакти и со некои криминалци. Но, мора да има доволно докази за да се обвини некое лице, рече портпаролката на грчката полиција.

Таа објасни дека станува збор за кривични дела зад кои стојат професионалци, а сторителите се трудат да не остават никакви траги зад себе и да не направат грешка.

– Токму затоа полициската истрага траеше толку долго, истакна Димоглиду.

Грчката полиција, како што веќе објави МИА, во петокот уапси две лица за учество во убиството на Карајваз, кој пред две години беше застрелан пред неговиот дом во атинска населба.

Од полициската истрага произлегло дека сторителот на убиството на Карајваз заедно со уште едно лице за да побегнат користеле мотор, како и комбе, кое всушност припаѓа на компанија во која одговорен бил еден од уапсените.

Дополнително, полицијата открила дека моторот и комбето биле регистрирани претходниот ден на иста релација, во исто време и на истата локација со убиството.

Карајваз, кој беше убиен на 9 април 2021 година, беше познат и искусен новинар, кој долги години следеше црна хроника и покриваше теми поврзани со полицијата, криминалот, грчката мафија, за истите теми имаше информативен портал, а паралелно работеше во претпладневна информативна емисија на телевизијата „Стар“. (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Поројните дождови причина за смртта на 14 лица во Пакистан

Следно

Македонските фудбалерки против Бугарија и Косово во Лигата на нации

Latest from Blog

Иран започна масовни апсења по крвавото задушување на протестите (ВИДЕО)

Помалите протести што започнаа минатиот декември во Големата чаршија во Техеран поради економските тешкотии предизвикаа долго потиснати пошироки незадоволства и брзо ескалираа во најголемата егзистенцијална закана за шиитската теократија во Иран во

ПССЕ донесе одлука за затворање на пост-мониторинг дијалогот со Република Македонија – важно институционално признание за напредокот на државата

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, информираше дека Парламентарното собрание на Советот на Европа денеска донесе одлука за затворање на пост-мониторинг дијалогот со нашата држава, процес што беше отворен

Советот на Европа донесе одлука за затворање на пост-мониторинг дијалогот со Македонија

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, информираше дека Парламентарното собрание на Советот на Европа денеска донесе одлука за затворање на пост-мониторинг дијалогот со нашата држава, процес што беше отворен во 2000 година.

Коњановски: Ален и Адријан Рустемовски од Битола се вистински пример за младите

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, присуствуваше на манифестацијата „Спортисти на годината 2025“, на која двајца спортисти од Битола добија највисоки национални признанија. На настанот, заедно со секретарот на Општина Битола Борче

Василевска: Демократските стандарди на Македонија се меѓународно потврдени (ВИДЕО)

Пратеничката во Собранието на Република Македонија и редовен професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при УКИМ, Иванка Василевска, информираше дека Парламентарното собрание на Советот на Европа донело одлука за затворање на пост-мониторинг
Go toTop