Градоначалникот на Бутел, Костовски со слика од Калифорнија се пофали дека будно ја следи состојбата со пожарот на Скопска Црна Гора

July 8, 2025
1 min read

Градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски, кој е од редовите на ВМРО-ДПДМНЕ, преку социјалните мрежи ја информираше јавноста дека општинскиот кризен штаб во текот на изминатата вечер бил активен и ја следел состојбата со пожарите кои ја зафатија Скопска Црна Гора, притоа на објавата прикачи фотографија од пожарите во Калифорнија, со која тврдеше дека е од актуелниот пожар.

„До доцна во ноќта општинскиот кризен штаб беше активен и ја следеше состојбата со пожарите кои ја зафатија Скопска Црна Гора. По разговор со командирот на полициската станица и со останатите надлежни институции, Општина Бутел својата механизација ја стави на располагање и спремна за делување. Вчеравечер доброволни екипи од месната заедница Љубанци учествуваа во гаснење и локализирање на пожарите“, напиша Костовски.

Инаку, дел од медиумите веќе објавија дека станува збор за фотографија пред 12 години каде властите во Калифорнија тогаш наредија евакуација на населбата Дос Виентос во Њубери

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Владата донесе одлука за прогласување на кризна состојба од 30 дена на цела територија на

Следно

Вкупно 23 пожари низ Македонија – активни 11, под контрола 1!

Latest from Blog

Црногорски полицајци отишле во Швајцарија на екстрадиција на член на нарко клан, па виделе дека се измамени

Како што официјално беше потврдено за „Вијести“ од Полициската управа, црногорските оперативци отпатувале во Берн откако Швајцарците трипати потврдиле дека отпечатоците од прстите на Вујиќ, кој е идентификуван како висок член на

ВИДЕО: Во Братислава приведен познатиот криминалец Неџати Арабачи и неговиот пријател

Денеска во Братислава е уапсен Неџати „Неко“ Арабачи и неговиот пријател или соработник, пренесува ТВ21. Тие биле приведени во хотелот „Кемпински“ во Братислава, додека седеле таму. Засега, оваа информација не е потврдена

ДИК: Доставени 69 иницијативи за градоначалници на општините и за градоначалник на Град Скопје

До вчера на полноќ до подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија (ДИК) доставени се вкупно 69 иницијативи за предлагање на листи за градоначалници на општините и градоначалник на Град Скопје
Go toTop