Градоначалникот на Благоевград: Ќе ги казнам вработените што фрлале камења на македонскиот клуб како што Скопје ги казнува цариниците и полицајците

February 8, 2023
1 min read

Вчера беа приведени четири лица за вандализирањето на македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров” во Благоевград, кое се случи на 4 февруари. Во притвор се двајца мажи и две жени, сите вработени во Општина Благоевград, на возраст од околу 40 години

Двајца вработени во Општинското претпријатие „Озеленување“ на општина Благоевград и нивните сопруги се приведени вчера поради кршење на стаклото од просториите на македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“.

Камењата биле фрлени во 21:40 часот во саботата, а двете семејства биле приведени вчера.

Градоначалникот Илко Стојанов коментира дека судот е надлежен орган кој може да се произнесе за кривичното дело, а тој како работодавец на двајцата вработени може да се произнесе само за Кодексот на работа.

„Доколку се докаже вината на општинските службеници, ќе го применам принципот на реципроцитет на казните, тоа значи дека ќе ги казнам оние што работат во општина Благоевград со точно иста казна како што ќе бидат казнети цариниците, граничната полиција и други функционери во Република Северна Македонија кои предизвикаа ментално и физичко насилство врз многу Бугари. Во моментот кога ќе бидат отпуштени вработените во Северна Македонија кои ги малтретираа бугарските граѓани, веднаш ќе ги отпуштам вработените во ОП ‘Озеленување’ на Општина Благоевград“,

рече градоначалникот Стојанов, пренесува 24часа.бг.

Како што веќе објавивме, вчера беа приведени четири лица за вандализирањето на македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров” во Благоевград, кое се случи на 4 февруари.

Во притвор се двајца мажи и две жени, сите од Благоевград, на возраст од околу 40 години. Засега не е јасно кои се мотивите за делото.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Како СЗО стана зависна од Бил Гејтс

Следно

Првиот дел од помошта собрана од волонтерите најдоцна утре ќе тргне кон Турција

Latest from Blog

Фото: Забава со 700 гости за 18 роденден на ќерката на српскиот пејач Саша Матиќ, Тара

Како што се очекуваше, на забавата пристигна скоро целата српска естрада, бидејќи популарниот сале е одличен пријател со скори сите негови колеги и колешки. Секако исти релации одржува и целото негово семејство. 

Севиља се спаси од пораз против Елче

Иако важеше за фаворит пред стартот на дуелот, сепак, тимот на Севиља во премиерниот дуел од викенд колото во Шпанија, на свој терен против тимот на Елче успеа да одигра само 2:2.

Николоски од Прилеп: Ќе го поврзиме градот со целосно автопатско решение

Вечерва на промоција на кандидати за советничката листа и промоција на кандидатот за градоначалник на општина Прилеп, се обрати потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски. Николоски ги посочи проектите и плановите кои треба
Go toTop