Ѓорѓиевски вечерва во Карпош: „Време е за реални промени во Скопје“

September 3, 2025
1 min read

Градоначалникот на Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, вечерва се сретна со жителите на Злокуќани во општина Карпош. На средбата присуствуваа и идниот кандидат за градоначалник на Карпош, Сотир Лукровски, како и пратеникот Тони Јаревски.

И покрај врнежливото време, средбата беше масовна и исполнета со енергија, идеи и искрени разговори. Ѓорѓиевски порача дека Скопје и Карпош заслужуваат подобра иднина и достоинствен живот, а граѓаните изнесоа конкретни предлози за подобрување на условите во општината.

„Не ветуваме невозможни работи, туку даваме чесен збор дека ќе работиме посветено, упорно и со срце. Заедно ќе ги надминеме сите наталожени проблеми, чекор по чекор,“ истакна Ѓорѓиевски, упатувајќи благодарност за довербата и големата поддршка.

 

Тој нагласи дека со заедничка работа и визија, Скопје ќе добие шанса за вистински промени и достоинствен живот за сите негови жители.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Бајрам Вардар со турски експерти го креира Мастер планот за развој на Чаир

Следно

Леверкузен и Фенербахче го посакуваат Постекоглу за тренер!

Latest from Blog

Меџити: Полицијата го задржала автомобилот на Ахмети 24 часа поради сомнеж дека Груевски можел да го користи за бегство

Скопје, 3 септември 2025 – Првиот заменик-претседател на Владата и кандидат на ВЛЕН за градоначалник на Чаир, Изет Меџити, изнесе нова сериозна обвинение против претседателот на ДУИ, Али Ахмети. Во интервју за

Коњановски ги слуша битолчани: Идеите за поубава општина

Битола, 3 септември 2025 – Денес градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, оствари средби со жителите на населбата Карпош, од урбаните заедници Тодор Ангелевски и Естреа Овадија Мара. Преку кампањата „Предложи идеја“,

Сајкоски: ВМРО-ДПМНЕ оди на сигурна победа на локалните избори и работи за добро на граѓаните

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на денешната редовна седница избра уште 16 кандадати за градоначалници за претстојните локални избори. За кандадат за градоначалник на општина Сопиште е избран Јане Мицески, за Кичево Александар
Go toTop