Скопје се соочува со сериозен пожар кој моментално ја загрозува животната средина и здравјето на граѓаните. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, заедно со своите колеги Бобан и Дејан, е на терен од самиот почеток и лично учествува во активностите за ставање на огнот под контрола.

На терен се присутни и екипите на Противпожарната служба од Скопје и МВР, додека општествено одговорни компании помагаат со машинерија и песок за гасење на пожарот. Сите расположливи сили се ангажирани во обидот да се спречи понатамошно ширење на огнот.
Ѓорѓиевски овој инцидент го оцени како „злосторство против народот“ и упати апел до надлежните институции да постапат итно и безмилосно, нагласувајќи дека граѓаните не смеат да се изложуваат на чад и отров.

„Ние остануваме на терен со луѓето, сѐ додека пожарот целосно не биде изгаснат“, рече градоначалникот.