Ѓорѓиевски: Скопје чекор по чекор кон уреден и безбеден град

November 24, 2025
1 min read

Градот Скопје во овој момент спроведува паралелни активности на повеќе локации низ целата територија на градот. Екипите на Градот интервенираат со ладен асфалт за затворање на ударните дупки на булеварите и улиците, брзи зафати кои се неопходни поради зимските услови. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски најавува дека напролет, кога временските услови ќе дозволат, се планира темелна и целосна обнова на коловозите.

Паралелно со асфалтирањето, се ослободуваат тротоарите за пешаците преку поставување на столбчиња. „Тротоарите не се паркинзи и повеќе нема да дозволиме така да се третираат“, истакнуваат од Градот.

Во централното градско подрачје и на други локации каде што е потребно се поставува нова урбана опрема со цел да се внесе ред, функционалност и достоинствен изглед на јавниот простор.

„Овие тековни зафати се само увертира во големите проекти што следуваат. Градиме чекор по чекор, со јасна визија и решеност да го вратиме Скопје на местото кое заслужува“, изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Еден е Меси: Аргентинецот изедначи светски рекорд

Следно

МАКЕДОНСКИОТ МЕДИЦИНСКИ СИМУЛАЦИСКИ ЦЕНТАР СТАНУВА ПАРТНЕР НА ЕВРОПСКИОТ СОВЕТ ЗА РЕСУСЦИТАЦИЈА

Latest from Blog

Хороскоп за декември на најпознатиот руски астролог

Според хороскопот, во декември 2025 година, судбината има изненадувања за сите знаци. Познатата руска астрологка Тамара Глоба даде прогноза за сите хороскопски знаци за последниот месец од 2025 година. Овен Според астро-прогнозата

Гаши и делегација од Сенатот на Шпанија разговараа за европската перспектива на Македонија

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Африм Гаши, денеска оствари средба со делегација од Кралството Шпанија составена од Наталиа Усеро Перез, Хан Помес Лопез и Лукас Кастило Родригес, членови на Комисијата за

Ристовски оствари средба со амбасадорот на Катар за унапредување на спортската соработка

Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска оствари протоколарна средба со вршителот на должност амбасадор на Државата Катар, Н.Е. Рашид Бин Саид Ал-Хајарин. На средбата беше разговарано за унапредување на билатералната соработка во

МАКЕДОНСКИОТ МЕДИЦИНСКИ СИМУЛАЦИСКИ ЦЕНТАР СТАНУВА ПАРТНЕР НА ЕВРОПСКИОТ СОВЕТ ЗА РЕСУСЦИТАЦИЈА

Од 13-18 Октомври, во организација на Медицинскиот симулациски центар, а во соработка со Европскиот Совет за Ресусцитација, се одржа тренинг обука за Основно и напреднато одржување во живот (АЛС и БЛС). На
Go toTop