Ѓорѓиевски: Почна изградбата на првата училишна спортска сала во Припор

September 17, 2025
1 min read

радоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, денес направи увид во градежните активности за изградба на првата училишна спортска сала во населбата Припор. Новата сала ќе биде сместена во дворот на ПОУ „Круме Кепески“, ќе се простира на 500 квадратни метри и според планот, се очекува да биде завршена во рок од две години.

Проектот е овозможен со поддршка од Владата на Република Македонија, по успешната апликација на Општина Кисела Вода на повикот за капитални проекти. Салата ќе овозможи современи услови за спорт и рекреација на учениците и младите од Припор, а дополнително ќе се изврши и целосно партерно уредување на училишниот двор.

„Со изградбата на оваа спортска сала инвестираме во подобро образование, здрави навики и развој на младите генерации во Припор,“ истакна Ѓорѓиевски.

Во изминатите четири години, Општина Кисела Вода реализираше или започна изградба и реконструкција на повеќе училишни спортски сали, вклучувајќи ги Пинтија, „Невена Георгиева Дуња“, „Кузман Јосифовски Питу“, „Партение Зографски“ и „Климент Охридски“. Во моментов се подготвува документација за нова сала во ООУ „Кузман Шапкарев“, а салата „Расадник“ се реконструира темелно во соработка со Министерството за спорт.

Проектите се дел од стратешката цел на општината за унапредување на спортската инфраструктура, образование и квалитетот на живот на младите во Кисела Вода.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Вучиќ: Трамп ме покани во Белата куќа

Следно

На 22-ри септември ќе биде објавена пресудата за онкологот Мери Пешевска

Latest from Blog

Меџити: Коалицијата ДУИ-ЛЕВИЦА, предавство кон Албанците и европската иднина на Македонија

Соработката меѓу ДУИ и ЛЕВИЦА не е ниту коалиција ниту политичка новина, туку сојуз на срамот кој функционира веќе три години во градот Скопје, правејќи ја ДУИ единствената партија што соработува со

Ристовски за лидер: Крај на рекламирање на брзи кредити и казина од спортистите

Поранешниот легендарен ракометен голман, а сегашен министер за спорт, Борко Ристовски утрово беше гостин на Радио Лидер. Тој зборуваше за неговиот ангажман на министерската позиција. Една од првите работи што се зафатив

Два сина, две трагедии: Зад гламурот на животот на Роберт Редфорд лежи болна семејна приказна

Со својата прва сопруга, Лола Ван Вагенен, тој имаше четири деца – Скот, Шона, Џејмс и Ејми Редфорд. За жал, нивниот најстар син, Скот, почина од синдром на ненадејна смрт кај новороденчиња
Go toTop