Денес имавме плодна и инспиративна дебата со директорот на Фондација Конрад Аденауер во Македонија, Даниел Браун и со стипендистите на фондацијата, млади луѓе кои вложуваат многу во своето образование и ја гледаат иднината токму овде, дома, во Македонија, се вели во соопштението од кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје Орце Ѓорѓиевски.
Тема на разговор беа претстојните локални избори и мојата визија за едно модерно и развиено Скопје.
Ги слушнав нивните идеи, барања и предлози кои беа исклучително зрели и вредни за внимание.
Токму младите се тие кои ја носат иднината, а нивниот глас и размислувања се од непроценливо значење.
Голема благодарност до фондацијата КАС за можноста, долгогодишното партнерство и за нивниот голем придонес во создавањето подобра иднина за Македонија.
И секако, благодарност до младите за инспирацијата и визијата што ја носат со себе.
Извор: kurir.mk