Ѓорѓиевски: „Круме Кепески“ добива нов изглед и подобрени услови за учениците

August 14, 2025
1 min read

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, изврши увид во градежни зафати во ООУ „Круме Кепески“, каде во пресрет на новата учебна година се работи на значајно подобрување на условите за учениците и наставниот кадар. Со уреден влез, нова урбана опрема, освежени и реконструирани училници, замена на подови и поправка на оштетената фасада, ова училиште добива нов изглед и унапредени услови за работа.

-Влогот во најмладите е влог во иднината! Основните училишта во Кисела Вода се подготвени да ги пречекаат учениците на почетокот од новата учебна година, со подобрени услови. Во ООУ „Круме Кепески“ се изведуваат значајни градежни зафати сѐ со цел да се подобри образовниот процес.  Влезот е уреден со павер елементи, а дворот доби нова урбана опрема. Освежени се со боја и реконструирани 7.500 м² ѕидови во десет училници и ходници. Набавени се нови клупи и столчиња, а во тек е замената на стариот под со нов PVC. Поправена е и фасадата, која претходно беше оштетена од несовесни граѓани.

Во изминатите четири години направивме голем исчекор – од стари и руинирани училници, до нови и проширени училишта. Целосно го дигитализиравме наставниот процес и создадовме современи услови за учење. Сите училишта добија фотоволтаици, додека сите наставници компјутери. Обезбедивме и ранче за секое прваче и униформа за сите ученици. Продолжуваме со уште посилно темпо, затоа што нашите деца и ученици се нашата иднина.

Тие го заслужуваат најдоброто-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ливерпул се согласи на трансферот на Леони

Следно

ЦУК: Осум активни пожари, сè уште гори во резерватот Јасен

Latest from Blog

ЛШ: Сити ја продлабочи кризата на Реал, Арсенал не знае за пораз, ПСЖ остана без муниција (ВИДЕО)

ВО големата пресметка и дербито на колото во Лигата на шампионите, Манчестер Сити славеше во мадрид против реал со 1.2 и ја продлабочи кризата кај „кралевите“. Иако почнаа добро и поведоа со

Трамп потврди дека американските сили заплениле танкер за нафта крај брегот на Венецуела

Американскиот претседател Доналд Трамп денес потврди дека американските сили заплениле танкер за нафта крај брегот на Венецуела. „Тукушто запленивме танкер крај брегот на Венецуела – голем танкер, многу голем, всушност најголемиот што

Бојковска: Рејтингот на СДС преку шпекулации, лажни обвинувања и погрешна стратегија нема да порасне

На телевизија Канал 5 во емисијата „Само Вистини“ вечерва гостуваше пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Драгана Бојковска која дискутираше за обвинувањата и шпекулациите од страна на опозицијата, за темата дека во Македонија
Go toTop