Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, вечерва присуствуваше на хепенинг во општина Ѓорче Петров под мотото „Ѓорче за Орце“, каде што, како што истакна, ја почувствувал силната поддршка на граѓаните и енергијата на заедништвото.

„Енергијата, поддршката и искрените насмевки што ги почувствував се потврда дека Ѓорче стои цврсто зад вистинските вредности и идејата за подобро, посилно и поубаво Скопје“, изјави Ѓорѓиевски.

Тој нагласи дека градот Скопје нема да ја заборави општината Ѓорче Петров и дека ќе се работи рамноправно и посветено на проекти кои ќе донесат подобар живот за секој граѓанин.
„Ќе работиме рамноправно, со почит и конкретни дела кои ќе донесат подобар живот за секој еден. Благодарам од срце – победата е наша и ќе биде историска“, порача тој, притоа изразувајќи благодарност до Бојан Стојаноски и Александар Стојкоски за, како што рече, нивната силна поддршка од самиот почеток.

Ѓорѓиевски заврши со порака дека „најдоброто допрва доаѓа“.


