Кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, изрази благодарност за огромната поддршка на вечерниот настан во општина Чаир, на покана на градоначалникот Изет Меџити, нагласувајќи дека масовноста и енергијата на граѓаните ја потврдуваат историската победа што следува во вториот круг од локалните избори.

„Од срце ви благодарам! Градот Скопје нема да ве заборави, напротив, ќе биде вистински партнер на Чаир и на сите негови граѓани“, рече Ѓорѓиевски.

Тој најави конкретни проекти за Чаир, вклучувајќи проширување на булеварот „Цветан Димов“, изградба на катна гаража кај „Чаирчанка“, вложувања во чист и зелен град, нови површини за одмор и рекреација, како и други активности кои ќе придонесат за подостоинствен живот за жителите.
„Кај мене нема поделби ниту по етничка, ниту по верска, ниту по која било друга основа. Градот Скопје ќе има рамномерен развој и еднаков пристап за сите“, додаде Ѓорѓиевски, повикувајќи ги граѓаните заедно да чекорат кон голема победа.



