Ѓорѓиевски: Аеродром ќе стане пример за современа општина

October 16, 2025
1 min read

Орце Ѓорѓиевски, кандидат за градоначалник на Скопје, вчера вечер одржа голем собир во општина Аеродром, исполнет со млади, семејства и горди граѓани, ветувајќи темелни промени и ред во градот.

Ѓорѓиевски потенцира дека Аеродром повеќе нема да биде „сообраќаен остров“ и најави завршување на клучните булевари „АСНОМ“ и „Февруарски поход“ со нови мостови, реконструкција на улицата Фрањо Клуз и пробивање на булеварот Борис Кидрич. Тој посочи дека сообраќајниот хаос, урбаниот неред и проблемите со паркирањето ќе бидат решени преку изградба на кружни текови и монтажни катни гаражи.

Покрај инфраструктурните проекти, Ѓорѓиевски ветува и инвестиции во животната средина, вклучително решавање на Усјанскиот канал и создавање на модерен парк Вардариште со нов кеј до Долно Лисиче.

Тој истакна дека реформите ќе се прошируваат и на јавните претпријатија, воведувајќи нов комунален ред и еко-бригади за чистење на градот. Ѓорѓиевски посочи дека со поддршката на Владата предводена од премиерот Христијан Мицкоски, сите овие проекти ќе станат реалност.

„Нашиот град нема повеќе време за губење. Време е за голема и конечна победа! За Аеродром! За Скопје! Најдоброто допрва доаѓа“, порача Ѓорѓиевски.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

ЗНАМ Куманово: Очајни обиди на СДСМ Куманово за ситни политички поени

Следно

Нова хакерска закана за корисниците на Android телефони

Latest from Blog

Овие 4 знака се на удар на кармата: Судбината ќе им врати мило за драго – следниот период ќе биде кобен за нив!

Кармичкиот вител ќе ги зафати Шкорпиите, Рибите, Вагите и Близнаците, додека Биковите ќе добијат неочекувана награда од небото. Ѕвездите повторно се мешаат во текот на судбината. Според астролозите, четири хороскопски знаци –

Митески: Топлификација на Лисиче преку изградба на гасна когенеративна централа

Дејан Митески кандидат за градоначалник за општина Аеродром, од редовите на ВМРО- ДПМНЕ, синоќа гостуваше во дебатната емисија Вин-Вин на телевизија Телма, при што најнапред ги посочи проектите коишто локалната власт предводена

Тони Коњановски: Телевизиите треба да обезбедат рамноправност во изборната кампања

Актуелниот градоначалник на Битола и кандидат за нов мандат, Тони Коњановски, на вчерашната дебата во организација на телевизија „Тера“ ја повика медиумската куќа да овозможи еднаков простор за сите осум кандидати за
Go toTop