Големиот шумски пожар продолжува да беснее во грчкиот регион Атика

August 12, 2024
1 min read

АТИНА/ИСТАНБУЛ (АА) – Големиот пожар што избувна вчера во североисточниот град Варнавас во грчкиот регион Атика продолжува да беснее, а жителите на речиси 10 села беа принудени да се евакуираат во раните утрински часови откако многу домови беа оштетени, објавија медиумите, пренесува Анадолу.

Пожарот се шири кон Маратонското Езеро, главен резервоар на вода на Атика.

Полицијата соопшти дека успеала да спаси 65 лица што биле заробени во автомобилите на подрачјето на Варнавас.

Повеќе од 315 пожарникари, тимови на командоси, 98 возила, многу волонтери од Молдавија и Романија, како и 26 авиони и хеликоптери работат на гаснење на пожарите и покрај екстремната топлина и силните ветрови.

Според локалната противпожарна служба, пожарот брзо се проширил поради силните ветрови во областа.

Локалните медиуми објавија дека чадот од шумскиот пожар стигнал и до главниот град Атина.

„Во овој момент пожарот напредува кон Маратонското Езеро, иако силите за борба против тоа постојано се зајакнуваат, фокусирајќи се на периферијата и справувајќи се со пламените јазици што на некои места се повисоки од 25 метри“, рече портпаролот на противпожарната бригада, Василис Ватракогијанис, на прес-конференција.

Преку бројот за итни случаи 112 до жителите на околните области Дионисос, Стамата и Родополи пратени се предупредувања со порака за евакуација.

Локализиран е пожарот што претходно избувна во градот Мегара во Западна Атика.

Надлежните ги советуваа граѓаните да останат во своите домови.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Ја губи ли бугарскиот олигарх, Делијан Пеевски контролата врз власта?

Следно

Не излегувајте надвор – во портокалово сме

Latest from Blog

Масар Омерагиќ: Битола доби модерен стадион достоен за македонската репрезентација

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, изјави дека за рекордно краток период стадионот „Петар Милошевски“ во Битола е претворен во модерен спортски објект, достоен за националната репрезентација. „Кога зборовите стануваат

За Србија сојузот Косовски безбедносни сили и вооружените сили на Албанија е директна закана за државата и Србите

„Тоа е оската на политиката на приштинскиот режим, која со секој потег и нов чекор кон формирање на таканаречената голема Албанија е насочена кон Белград“, нагласи Петковиќ во соопштение. Како што истакна,
Go toTop