Новак Ѓоковиќ даде интервју за новинарите, во кое кажа кои мисли дека се причините за неговиот пораз од Јаник Синер денес.
“Реалноста ме стигна во последните година и половина како никогаш досега… Стигнав до полуфиналето на секој голем турнир годинава. Морам да играм против Синер или Алкараз… Се чувствувам како да влегувам во мечевите со полу празен резервоар”, изјави Ноле.
На прашањето на новинарите дали смета дека нема среќа во големите моменти оваа сезона и дали тоа прави уште потешко, тој искрено одговори: “Не мислам дека станува збор за лоша среќа. Едноставно тоа се годините. Истрошеноста на телото. Колку и да се грижам за себе, реалноста е дека годините се во прашање. Тешко ми е да го прифатам тоа бидејќи кога се чувствувам свеж и во форма мислам дека сè уште можам да изиграм добро. Тоа го докажав и изминатава година. Но, играњето во врвот на турнирите оваа година беше особен предизвик за мене физички. Колку подолго трае турнирот, толку полоша станува ситуацијата”.
Извор: kurir.mk