Глечерите и водопадите во југоисточна Туркије омилени дестинации на љубителите на природата

1 min read

ХАКЌАРИ (АА) – САЈИМ ХАРМАНЏИ –

Глечерите во подножјето на планината Џило во Хакќари, југоисточна Туркије, каде што се наоѓа Улудурок, вториот највисок врв во земјата, се меѓу најпосакуваните дестинации на љубителите на природата, пишува Анадолу.

Посебно внимание кај посетителите привлекува долината „Џенет и џехенем“, односно „Рај и пекол“ сместена помеѓу Хакќари и Јуксекова.

Со уникатните глечери, водопади, шарени цвеќиња и глацијалното езеро, оваа необична долина привлекува не само домашни туку и странски вљубеници во природата.

Голем број посетители што преку викендите го посетуваат ова подрачје како дел од турите организирани од здруженијата за заштита на природата имаат единствена можност да уживаат во несекојдневните природни убавини.

Љубителите на природата ја посетуваат долината во која можат да видат разнобојни цвеќиња, а од друга страна, истовремено, можат да видат висок снег и потоци создадени од топењето на снегот.

Во ова подрачје се наоѓа и најголемата глечерска долина во Туркије.

Многу посетители ја користат можноста да се фотографираат на глечерите и пред водопадите, а некои уживаат во санкање со вреќи по снегот што ги покрива глечерите.

Директорот на Агенцијата за млади и спорт во Хакќари, Емин Јилдирим, изјави дека во овој дел на Туркије посетителите во ист момент можат да ги доживеат сите годишни времиња. Додаде дека стотици љубители на природата редовно учествуваат во тури што се организираат во ова подрачје.

Претставникот на Планинарскиот сојуз на Туркије во Хакќари, Наџи Ертунч, изјави дека овие природни убавини привлекуваат сѐ повеќе посетители, особено љубители на природата што најмногу уживаат во глечерите.

Озлем Курт, која е дојдена со пријателите од Мардин, истакна дека се фасцинирани од пејзажот на долината и ги повика сите што имаат можност да го посетат подрачјето.

Али Јилмаз, кој дошол од Афјонкарахисар, рече дека целиот регион на Хакќари има многу убави места и прекрасна природа.

Ханифе Бајик од Анталија, пак, истакна дека ова место нуди прекрасни природни убавини и им препорача на љубителите на природата да го посетат овој крај.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

Претходно

Средба со писателот Мухарем Баздуљ во „Буква“

Следно

ЕУ бара онлајн платформите да означуваат дали содржината е генерирана од вештачка интелигенција

Latest from Blog